Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник, поставена во манастирската камбанарија со благослов на нашиот возљубен Старец и Игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.
Осветувањето на новото ѕвоно го изврши Владиката, придружен од браќата свештенослужители, од сестрите од Рајчица и Причеста и од многубројни верници, среде кои и дарителот г. Владимир Стајиќ.
Новата камбана, тешка 830 килограми, е излеана во леарницата на мајсторот Младен Кременовиќ во с. Белосавци, Р. Србија, и доаѓа како ктиторско дарение од благочестивиот г. Владимир Стајиќ, почесен конзул на Република Србија во Македонија, заедно со неговата ќерка Ангела.
Со овој благословен прилог, г. Стајиќ го надополни стариот кралски сет камбани, некогашна гордост на Бигорски, а сега воскреснат и сјаен украс и глас на Манастирот на Св. Георгиј во Рајчица.
Најстарата камбана од овој комплет е од 1850 година и е дар од српските кнезови Петар и Андреј со сестрите. Во 1851 година, дебарските христијани подариле уште една камбана, заедно со две помали. Досега најголемата камбана е од 1925 година и е дар од кралот Александар I Караѓорѓевиќ и неговото семејство.
По иницијатива и со благослов на владиката г. Партениј, кој полага голема грижа и посветеност за запазување и обнова на православното наследство и предание, тие камбани неодамна беа реставрирана во реномираната австриска фирма Grassmayr, и повторно вратена во функција.
Повеќе фотографии и текст од Величествениот настан ќе најдете на официјалниот натпис ТУКА
Македонија
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани

Одземена полна фиока со пари од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ од селото Обршани, општина Кривогаштани ја згрози Македонија. Како што истакнуваат на нивната социјална мрежа која споделуваат новости за храмот, грабежот е регистриран на нивната сигурносна камера во 03 часот по полноќ ноќта 23-ти април.
Предмалку исто така објавија фотографија со лице кое се сомничи дека го сторил делото.
Од тука се прашуваме, до каде оди човештвото? Постои ли душа и совест во овие луѓе?!
Во продолжение видеото од грабежот на верскиот храм:
Македонија
Делница А2 Желино-Тетово поради геодетско снимање ќе биде затворена една сообраќајна лента во неколку фази

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази.
Работите ќе траат до нивно завршување, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија.
Македонија
МВР приведе кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известуваат од МВР.
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (24 април)
-
Кичево19 часа
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија20 часа
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (25 април)
-
Кичево2 дена
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!
-
Култура24 часа
(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба
-
Мобилни уреди2 дена
Внимание: Се појави нов малициозен софтвер за мобилните телефони кој користи „NFC“ технологија за кражба на платежни картички