Lifestyle
Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките
Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но често наутро, додека сè уште сме поспани, тешко се одлучуваме што да јадеме. Изборот станува уште потежок кога сакаме здрав и хранлив оброк, а не сме сигурни која опција е подобра.
Истражување спроведено од тим експерти во Лос Анџелес дава јасен одговор на ова прашање. Во студијата учествувале дваесет лица со прекумерна тежина, поделени во две групи – едната јадела јајца за појадок, а другата житарките. Иако и двете намирници содржат протеини и се популарен избор наутро, резултатите покажале дека јајцата се далеку подобар избор.
Јајцата создаваат подолго чувство на ситост
Научниците утврдиле дека чувството на ситост трае значително подолго кај оние што јаделе јајца во споредба со оние што јаделе житарици. Пред и по истражувањето биле измерени нивата на два хормони – грелин (кој го стимулира апетитот) и лептин (кој го поттикнува чувството на ситост).
Резултатите покажале дека учесниците кои јаделе јајца имале пониски нивоа на грелин и повисоки нивоа на лептин во текот на денот. Тоа значи дека подоцна внесувале помалку калории од оние кои појадувале житарици.
Протеините од јајцата се поквалитетни
Истражувачите истакнуваат дека протеините со повисок квалитет имаат поголем ефект врз чувството на ситост. Токму затоа, редовното консумирање јајца може да помогне во превенцијата на дебелина и во процесот на слабеење, бидејќи телото останува сити подолго време и се намалува потребата за грицки меѓу оброците.
Колку хранливи материи има во едно јајце?
Едно големо јајце содржи приближно 70 калории, 5 грама протеини, 5 грама масти и околу 186 милиграми холестерол. Научниците препорачуваат варени јајца како најздрав избор, бидејќи не содржат дополнителни калории од масло и се побезбедни од суровите јајца благодарение на термичката обработка.
Со оглед на овие резултати, може да се заклучи дека јајцата се едноставен, достапен и нутритивно супериорен избор за здрав појадок кој го одржува енергетското ниво и ситоста во текот на целиот ден.
Извор: N1Info
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
Lifestyle
5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис
Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.
5. Шнауцер
-
Достапни во три големини.
-
Познати по интелигенција и лојалност.
-
Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.
4. Малтезер
-
Мало, нежно и пријателско куче.
-
Хипоалергично и паѓа исклучително малку.
-
Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.
3. Португалско водно куче
-
Интелигентни, енергични и многу послушни.
-
Обожаваат вода.
-
Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.
2. Бишон Фризе
-
Разиграно, нежно и многу приврзано куче.
-
Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.
-
Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.
1. Пудлица
-
Една од најинтелигентните раси во светот.
-
Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.
-
Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.
-
Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“
Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?
-
Правилната исхрана е клучна.
-
Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.
-
Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.
Извор: Vecernji
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина19 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
