Свет
Adobe им даде можност на вработените да се вакцинираат до 8 декември

Сè повеќе технолошки компании издаваат наредби за вакцинација против КОВИД-19 во согласност со владините директиви. Adobe е една од најновите што бара сите вработени во САД да се вакцинираат против вирусот.
Adobe ќе разгледа верски и медицински исклучоци за вакцинација
Компанијата ги известила вработените преку електронска пошта каде што наведува дека мора да се вакцинираат до 8 декември доколку не сакаат да бидат ставени на неплатен одмор. Претседателот Бајден претходно им даде рок на сите федерални компании до 8 декември да бараат сите нивни вработени да се вакцинираат против КОВИД-19. Adobe е компанија која во голема мера работи со американската влада. Претходно оваа година, компанијата се здружи со владините агенции во сите 50 држави за да им помогне да ги модернизираат своите услуги користејќи Adobe Experience Cloud и Adobe Document Cloud.
За време на пандемијата, Adobe ја започна владината програма за брз одговор за да се осигура дека луѓето можат слободно да пристапуваат до владините услуги, како што се веб-страниците за распоред на вакцини. Директорот на Adobe изјави дека 93,5% од вработените во САД се веќе целосно вакцинирани или се во процес на добивање на двете вакцини. И покрај наредбите, компанијата ќе ги разгледа верските и медицинските исклучоци. Овој потег на компанијата не е изолиран случај. Google почна да бара од сите вработени да се вакцинираат против вирусот уште во јули.
Извор: Pcpress
Фото: Unsplash
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
Свет
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.
Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.
Свет
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
#ALERTA Se descarriló el Funicular de Lisboa, el Elevador da Glória, que realiza un recorrido por la zona vieja; obligado al viajar a Portugal. Al menos 15 muertos y 18 heridos. Con mas de 100 años de historia, no le daba mantenimiento el municipio. Turistas, muchas víctimas pic.twitter.com/7ou9NYCppb
— Víctor Sánchez Baños (@vsanchezbanos) September 3, 2025
Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.
На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.
Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.
Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.
-
Кичево23 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево11 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија8 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Македонија2 дена
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија1 ден
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони