Спорт
Ајде кичевчани, започна иницијатива за спас на ФК Напредок, да не дозволиме да згасне најстариот клуб!
Иницијативен одбор за спас на ФК НАПРЕДОК
ФК НАПРЕДОК ги повикува сите спортски ентузијасти, сите спортски љубители да му помогнат на еден од најстарите клубови како не би дошло до негово згаснување,бидејќи представува симбол на Кичево и пошироко во Македонија потребно е до 29.09.2021 година да се плати котизација за полусезона во Трета македонска фудбалска лига-Запад во износ од 75 000 денари.
Сите кои ќе донираат ќе добијат потврда за донираните средства. Се надеваме дека ќе излезете во пресрет на нашиот апел.
Лица за контакт:
Ѓоко Трпески: 070/686-598
Дишко Симјаноски: 070/983-826
Стои во официјалното известување на Иницијативниот одбор за спас на еден од најстарите клубови во Македонија.
Ајде кичевчани дојде и тоа време да го спасуваме индивидуално, кој колку може, да бидеме солидарни. Остварете контакт и бидете дел од подадената рака. Сите кои ќе помагаат преку нашиот сервис во соработка со иницијативниот одбор ќе им биде јавно заблагодарено.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево2 денаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија1 денЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Македонија1 денДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (20 ноември)
-
Култура1 денДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Спорт1 денДанска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Временска прогноза1 денНови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите
