Следете не

Кичево

Пеколната Александра Тадиќ-Ципка од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ за прв пат во Кичево на летната сцена од „Nora’s Ranch – Summer Stage“

Објавено пред

на

Да токму така, овој петок на 14.07 со почеток после 21:00ч на летната тераса од „Нора Ранч“ за прв пат во Кичево доаѓа ѕвездата на „Гранд продукција“ – Александра Тадиќ, и со тоа официјално се стартува со викенд настани, каде предвидена е богата музичка агенда, како од гламурозната српска естрада, така и од бившите ЈУ простори, нашите најголеми Македонски музички имиња и бендови..

„Нора Ранч“ кој како што знаеме работи долги години и е доста познат по својот уреден стил, посебноста на делот за Јавање на Коњ, природната убавина и прекрасната храна кои долеваат уникатност, новиот Менаџмент на летната сцена истакна дека ке биде конечно да заживее и различниот жанр на музика на отворено само за викенд, додека ресторанот продолжува со работа, целта е да се промени динамиката на ноќниот живот и полека но сигурно да се вратат старите добри времиња каде уживавме во викенд-изборот.

Доколку биде се според она што се очекува и нашите граѓани и останатите гости ни ја дадат довербата, ќе се спрема и зимски дел за викенд настаните кој ќе биде на посебна локација во Кичево со музичка агенда со артисти која до моментот може само да ја гледаме само подалеку од нашиот град, а кичевчани тоа го заслужуваат – за нашиот медиум истакна Илија, еден од одговорните лица на „Нора Ранч – Летната тераса“

За сите информации и резервации за вашиот престој контактирајте на 072/699-253 (Илија), додека карти во предпродажба може да набавите по симболични 200 денари.

Бидете дел и заедно да ја направиме најлудата ноќ ова лето!

Кичево

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Објавено пред

на

©porta.mk

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.

Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.

Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Објавено пред

на

ФОТО: ООУ Кузман Јосифоски-Питу

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.

Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски

Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево42 минути

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт17 часа

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника19 часа

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

Македонија2 дена

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника2 дена

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево2 дена

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт2 дена

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

НАЈЧИТАНИ