Следете не

Магазин

Apple iPhone 15 Pro Max ќе има ексклузивни карактеристики, а има и нова цена

Објавено пред

на

Во текот на есента Apple ќе претстави нова линија на телефони, во која ќе биде вклучен моделот iPhone 15 Pro Max.

Аналитичарот Џеф Пу сугерира дека Apple се очекува да започне со масовно производство на серијата iPhone 15 во текот на август.

Според аналитичарите, компанијата е на пат да произведе 84 милиони единици од телефонот до крајот на 2023 година, што е за 12% повеќе од уредите iPhone 14 во истиот период минатата година.

Пу, исто така, предвидува дека iPhone 15 Pro Max ќе има повисока почетна цена од 14 Pro Max, што е 1.099 долари во САД и 1.449 евра во Европа.

Како што истакнува аналитичарот, iPhone 15 Pro Max ќе има и некои ексклузивни функции, кои нема да бидат достапни за обичниот модел iPhone 15 Pro. Моделот Max треба да добие перископска леќа за телефото камерата, што ќе го подобри оптичкиот зум.

Гласините исто така сугерираат дека батериите за целата линија на iPhone 15 ќе имаат зголемен капацитет, но тоа исто така ќе значи дека уредите ќе бидат подебели.

Apple сè уште не објави официјален датум за лансирање на серијата телефони iPhone 15, но се очекува тоа да биде во септември.

Магазин

Јутјубер во живо го тестира издржливоста на Galaxy Z Fold 7 преклопувајќи го 200.000 пати

Објавено пред

на

Фото: Amanz @ unsplash

Јутјубер од Јужна Кореја реши да го тестира најновиот Samsung Galaxy Z Fold 7 во живо пред публика. Тој рачно го преклопува телефонот со цел да стигне до неверојатни 200.000 преклопувања.

Досега, уредот издржал над 140.000 циклуси. Првите знаци на абење се појавиле околу 100.000 преклопувања – се слушнале благи пукања и се појавила видлива линија на екранот. Сепак, екранoт, звучниците и сите функции останале целосно функционални.

Според Samsung, Galaxy Z Fold 7 е дизајниран да издржи до 500.000 преклопувања во лабораториски услови. Телефонот користи ултратенко зајакнато стакло, титаниумска рамка и подобрени лепила за поголема издржливост и флексибилност.

Она што го прави овој тест посебен е тоа што преклопувањата се прават рачно и без прекин. Ова дополнително ја покажува цврстината и квалитетот на уредот.

Galaxy Z Fold 7 е еден од најиновативните премиум модели на преклопување, а овој тест го докажува неговиот квалитет и издржливост.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Домашни тортиљи со само две главни состојки

Објавено пред

на

Фото: micheile henderson @ unsplash

Меко, вкусно и едноставно тесто што ќе ви стане омилено

Доколку сакате брз и евтин домашен оброк, а притоа да не користите квасец – овие домашни тортиљи се одличен избор. Ќе ве изненадат со својата мекост и вкус, а се подготвуваат со состојки кои сигурно веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 300 г брашно

  • Половина лажичка сол

  • Половина лажичка шеќер

  • 5 лажици масло

  • 200 мл топла вода

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот, маслото и водата.

  2. Замесете меко и еластично тесто.

  3. Префрлете го тестото на набрашнета површина и месете уште 2–3 минути.

  4. Покријте го со крпа и оставете да одмори 15 минути.

  5. Поделете го тестото на 6 еднакви топчиња.

  6. Секое топче расукајте го во тенка кружна форма (слично на палачинка).

  7. Загрејте тава со дебело дно (без масло).

  8. Печете ги тортиљите по 30–60 секунди од секоја страна, сè додека не се појават златни флеки.

  9. Штом се испечат, ставајте ги една врз друга и покријте ги со чиста влажна крпа – така ќе останат меки и флексибилни.

Совет:
Полнете ги по вкус – со свеж зеленчук, месо, сирење или дури и нешто благо. Може да се замрзнат и загреваат по потреба.

Извор: Alo

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете

Објавено пред

на

Фото: Luisa Brimble @ unsplash

Сакате да ослабете, но не знаете кога е вистинското време за првиот оброк во денот? Според лекарите и најновите истражувања, одговорот е прилично едноставен: најдобро е да појадувате во рок од еден до два часа по будењето.

Интернетот е преполн со контрадикторни совети – некои велат да го прескокнете појадокот заради повремен пост, други препорачуваат три класични оброци, а има и такви што се колнат во пет мали оброци дневно. Но, едно е сигурно: времето кога јадете има поголемо влијание отколку што мислите.

Зошто е важен појадокот?

Д-р Ришел Л. Корадо, експерт за интерна медицина и дебелина, вели дека не е важно само што јадеме, туку и кога. Според неа, најдобро е да се внесе првиот оброк во првите два часа по будењето – тогаш телото излегува од ноќниот пост и има најголема потреба од енергија.

Слично мислење има и д-р Раџ Дасгупта, кој додава дека појадокот во раните часови помага да се стабилизира шеќерот во крвта, ги поддржува хормоналните ритми и ви дава јасен ум и фокус за остатокот од денот.

Што велат истражувањата?

Науката не заостанува зад овие тврдења. Студија од 2023 година покажала дека јадењето до 8:30 наутро е најдобро за метаболизмот. Причината? Телото тогаш е најчувствително на инсулин, што значи дека поуспешно ги обработува јаглехидратите и калориите.

Друга студија открила дека внесувањето калории рано во денот не само што го подобрува чувството на ситост, туку и ја поддржува загубата на тежина.

Но… не важи истото за сите

Иако има силни аргументи за појадување наутро, експертите предупредуваат: нема универзално правило. Некому му одговара појадок веднаш по станување, друг можеби подобро се чувствува ако јаде подоцна. Најважно е да го слушате сопственото тело и да го прилагодите времето на оброци според вашите навики, цели и животен стил.

Извор: Nezavisne

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин58 минути

Јутјубер во живо го тестира издржливоста на Galaxy Z Fold 7 преклопувајќи го 200.000 пати

Јутјубер од Јужна Кореја реши да го тестира најновиот Samsung Galaxy Z Fold 7 во живо пред публика. Тој рачно...

Lifestyle1 час

Домашни тортиљи со само две главни состојки

Меко, вкусно и едноставно тесто што ќе ви стане омилено Доколку сакате брз и евтин домашен оброк, а притоа да...

Lifestyle1 час

Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете

Сакате да ослабете, но не знаете кога е вистинското време за првиот оброк во денот? Според лекарите и најновите истражувања,...

Lifestyle1 час

Лимонот е најздравото овошје во светот – тврдат научниците

Кога размислуваме за најздраво овошје на светот, најчесто помислуваме на скапи и егзотични плодови како авокадо, гуава или боровинки. Но,...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (5 август)

Овен Дојде време да ја покажете својата подготвеност за компромис. Вашиот цврст карактер може да ви донесе проблеми. Денешниот ден...

Македонија14 часа

ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица

По обилните дождови и силните ветрови што зафатија дел од земјата, засега не се пријавени ниту материјални штети ниту повредени...

Кичево16 часа

(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта

ТППЕ Кичево и денес со полни раце работа, имено како што известуваат до нашиот медиум, околу 17ч добиле повик за...

Македонија20 часа

Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово

Предмалку земјотрес регистриран во Македонија, според информациите на ЕМСЦ лоциран е околу град Тетово, со јачина од 2.9. #Earthquake (#земјотрес)...

Кичево21 час

Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“

Викендов во Кичево, Секторот за внатрешни работи Охрид и ОВР Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени...

Македонија22 часа

Во среда времен застој на ГП “Делчево” поради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна...

НАЈЧИТАНИ