Следете не

Кичево

Бакарди: Останаа уште неколку слободни позиции за работници „конобари“, доколку ви треба работа – контактирајте

Објавено пред

на

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека локалот има слободни работни позиции за дополнителен персонал конкретно на позиција „конобар“.

За информација, лицата кои ќе работат ќе бидат во редовен работен однос.

Сите заинтересирани можат да контактираат на броевите 076/980-888 и 075/416-550

Со почит.

Кичево

(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Објавено пред

на

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.

Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, присуствуваа бригаден генерал Дејан Чиплаковски, Командант на Командата за обуки и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, пензиониран генерал Зоран Милески, поранешни команданти, старешини, војници и цивилни лица во Армијата, пензионирани лица од единицата и гости.

Овој ден 21-ви мај има посебно значење за припадниците од 1 пешадиски баталјон, каде се навршуваат 82 години од сега веќе далечната 1943 година кога Главниот штаб на Народно Ослободителнатра Војна и Партизанските Одреди на Македонија од пристигнатите борци на 21-ви мај 1943 го формираа Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред. По тој повод се организира оваа воена свеченост „21-ви Мај Денот на единицата“

На оваа свеченост беа наградени најдобриот вод, пофалени и унапредените старешини и војници, беа врачени благодарници до локалните приватни и државни претпријатија, како и поклони и срдечни почести и честитки за пензионираните припадници на АРМ.

На крај свеченоста беше официјално затворена со скромен коктел за присутните во дворот на касарната „Чеде Филипоски – Даме“

На официјална покана и ние бевме дел од оваа свеченост, така што настанот ви го пренесуваме преку фотогалерија:

Д.Б.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.

– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.

– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.

– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.

Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.

– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.

Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Објавено пред

на

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.

п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!

Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА

Со среќа!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден2 часа

Времеплов: На денешен ден (22 мај)

На денешен ден 22 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за четврток (22 мај)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт11 часа

Флик останува во Барса до 2027 година

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот...

Временска прогноза12 часа

Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури

Најновиот излез на прогностичките материјали истакнува најмалку до 6 јуни на повидок нема да има никакви температурни покачувања на воздухот....

Технологија13 часа

AMD го претставува „Radeon RX 9060 XT“

AMD, како што вети пред неколку недели, објави неколку важни гејмерски производи за време на својата воведна презентација на Computex...

Македонија16 часа

Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети

На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до...

Спорт18 часа

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството...

Кичево19 часа

(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (21 март)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Здравје и убавина1 ден

Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам

Кога ќе забележите дека повеќе денови по ред сте поуморни од вообичаено, физички или ментално, треба веднаш да реагирате и...

НАЈЧИТАНИ