Култура
Битлси објавуваат нов сингл: „Тоа беше најблиску до тоа Џон повторно да биде со нас“
Новата песна на Битлси со вокали на Џон Ленон ќе биде објавена во четврток, повеќе од четири децении откако првично беше снимена како демо.
“Now And Then“, која Ленон првпат ја напиша и пееше во 1978 година, ја завршија Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Песната ќе биде претставена во 15 часот по средноевропско време. Видеото ќе биде објавено во петок. Во јуни, Мекартни (81) најави објавување на „последната песна на Битлси“. „Тоа е доста емотивно. Сите свириме на снимката, тоа е вистинска песна на Битлси“, рече тој.
“Now And Then“ беше една од неколкуте песни на лента што Ленон ги сними за Макартни во неговиот дом во Њујорк во 1979 година, една година пред неговата смрт. Макартни ја доби снимката од Јоко Оно во 1994 година.
Останатите две песни, „Free As A Bird“ и „Real Love“, беа тонски рафинирани, завршени и објавени во 1995 и 1996 година. Битлси се обидоа да го направат истото со „Now And then“, но не можеа да ја отстранат бучавата во позадината од снимката. Извлекувањето на вокалите на Ленон сега е овозможено со вештачка интелигенција. „Ни остана гласот на Џон, кристално чист“, рече Макартни. Двајцата живи Битлси ја завршија “Now And Then“ минатата година во студиото „Capital “ во Лос Анџелес и ја вметнаа електричната и акустичната гитара на Џорџ Харисон од 1995 година на снимањето.
Пол и Ринго ги додадоа своите делови на бас, пијано и тапани.
„Беше многу емотивно. Тоа беше најблиску до враќањето на Џон со нас“, рече Ринго. Шон Оно Ленон, син на Џон и Јоко, рече дека е „неверојатно трогателно“ да се слушнат поранешните Битлси како повторно работат заедно. „Тоа е последната песна што татко ми, Пол, Џорџ и Ринго ја направија заедно. Тоа е како временска капсула и изгледа како да е наменета“, додаде тој. Битлси – Ленон, Макартни, Стар и Харисон – раскинаа во 1970 година и никогаш повеќе не свиреа заедно.
Макартни рече дека на почетокот бил во два ума дали да ја завршат песната или да ја остават недовршена. „Секогаш кога размислував така, си мислев: „Чекај малку, да речеме дека имав шанса да го прашам Џон“… Знам дека одговорот ќе биде „да“. Ленон беше убиен во Њујорк во 1980 година на 40-годишна возраст, додека Харисон почина од рак на белите дробови во 2001 година на 58-годишна возраст.
“Now And Then“ ќе биде издадена како двојна А-страна, а ќе биде проследена со деби-синглот на бендот „Love Me Do“.
Култура
Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.
Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.
За многу години, утрешниот празник домаќини!
Култура
Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!
Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.
Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.
Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.
Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.
Култура
Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.
Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.
На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.
Ангелите и улогата на Архангел Михаил
Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.
Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.
Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.
Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.
Зошто празникот се слави токму во ноември?
Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево19 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево22 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза20 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Хороскоп7 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија17 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
