Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Денешниот голем празник одбележан со „Божикен концерт“ како најава за Христовото раѓање за прв пат во Кичево
Денеска за Бадник, ден пред Христовото раѓање „Божик“ на градскиот плоштад во Кичево се одржа настан каде се пееја древни бадникарски песни, таканаречени каланди, од страна на византискиот хор при нашиот градски храм св. Петар и Павле – Кичево, во придружба на традиционални инструменти.
На настанот присуствуваа челниците од локалната градска самоуправа, многу гости, дечиња-коледарчиња, ведри родители, отци, сестри монахињи како и Архимандрит г.Доситеј.
Програмата ја водеше г-ѓа Софија Котевска, а се пееја најпознатите каланди. Прва изведба беше „Вечниот Бог“ – каде во неа се воспева Божјото слегување на Земјата, односно фактот на Христовото воплотување за спасение на целокупниот род човечки.
Втора каланда беше „Христос се раѓат“ – коледарска песна во која се опишува скромното доаѓање на Спасителот Христос, кој за да не научи на скромност и смирение, иако Цар и Бог, избра да се роди во бедната Витлеемска пештера од најскапоценото суштество што човекот можеше да му го принесе на Бога, а тоа е Пресвета Дева Марија Богородица.
Третата каланда во интерпретација на хорот се викаше „Три Цареви од Персија“ – исто така народна коледарска песна, која го опишува чудесното патување на тројцата Мудреци од Исток, кои водени од Ѕвездата водилка што се појавила на Небото, дошле да му се поклонат на новородениот Цар и да му ги принесат своите дарови: злато, ливан и смирна.
Четврта по ред беше композицијата „Сношти Христос ни се роди“ – во неа народот трогнат од љубовта Божја и од неискажливото Божјо смирение, а истовремено знаејќи дека само во Христа можеме да донесеме добри и многу златни плодови, колку што има ѕвезди на небото и лисја на гранките, стоејќи соблагодарност пред воплотениот Христос Бог, ни зборува за едноставното, смиреното и безгласно Негово доаѓање.
И последна композиција беше „Дева денес“ напишана од црковниот химнограф Свети Роман Слаткопевец во 7 век. Станува збор за навистина древна мелодија што се пеела ширум христијанскиот свет, а на овој настан беше изведена на албански јазик.
Со благослов од сестринството на манастир св.Богородица – Пречиста, на наше задоволство и радост, амбиентот на настанот ви го пренесуваме преку официјални фотографии.
Христос се роди!
За многу години!
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
-
Македонија1 денМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево4 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Технологија1 ден„Google Maps“ има нова корисна функција
-
Lifestyle10 часаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин10 часаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин11 часаXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот






















































