Следете не

Кичево

(ФОТО) Повеќе од 10 години на кичевскиот пазар, бутик „Кристи“, салон каде ќе најдете најдобра женска и машка гардероба по најдобри цени!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кога станува збор за женска и машка гардероба секогаш е битно да се избере квалитетна гардероба, но и по пристапни цени. Кичевскиот бренд кој е повеќе од 10 години на пазарот бутик „Кристи“ е вистинското решение за вашите свечени но и casual облеки.

Голем избор на свечена облека, машки сакоа, палта, капути, блузи, женски фустани, наметки, панталони, пред се од најдобрите и најбараните македонски модни конфекции кои ги заслужуваат сите почести „Linea“ и „Astibo“ од Штип, „Снежана“ од Скопје и „Nadal“ од Кавадарци.

Карактеристично е да се каже дека во бутик „Кристи“ може да начекате буквално секогаш сезонски попуст, а токму до 9-ти март до 50% попуст имате намалување на цена на производите од „Linea

Во продолжение ви презентираме мини-галерија од салонот, а вие посетете го уште веднаш:

Локалот се наоѓа во срцето на град Кичево на ул. „Тане Цалески“ бр. 30, во близина на бул. „Ослободување“, додека нивното работно време е секоја ден освен недела, од 10:00 до 20:00ч.

Кичево

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско

Објавено пред

на

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.

Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.

Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, станува збор за сериозна сообраќајна несреќа, на интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Објавено пред

на

ФОТО: ©porta.mk

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево организираа хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево

Концертот беше збогатен со многу музика, оро и родољубиви песни, а настапуваа културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, додека бендот кој беше задолжен за комплетната програма беше група „ЕТНУМ“.

Да ги позравиме уште еднаш учесниците: КУД Бисер Кичево, КУД Нико Пусоски Кичево, КУД Младост Кичево, КУД Кочо Рацин Кичево, Христијан Трајаноски, Дарко Стојаноски, Методија Столески, Софија Пуровска, Анастасиа Митровска, Мирослав Мирчески, Михајло Данилоски, Лука Лазарески, Христијан Тришоски

Да потсетиме, средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект беше реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.

Благодарни што сме дел од овој хуман настан, ние и понатаму ќе продолжиме да даваме максимална поддршка за хуманитарните настани било каде во државата, па и Кичево.

Преку нашиот објектив, Ви го пренесуваме настанот во целост:

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници

Објавено пред

на

ФОТО: „ЈКП Комуналец“- Кичево

Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево ја стартува една од најглавните мисии за почисто и поубаво Кичево. Имено, деновиве сме сведоци на една обемна еколошка експанзија низ кичевските улици, речни корита, булевари и френкфентни сообраќајници, каде вработените спроведуваат еко-акција речиси секој ден, во зависност од временските услови, се разбира.

Да, токму така, се работи на терен, но еве ја користам оваа прилика, да ги охрабриме сите граѓаните да ја поддржат нашата мисија и заеднички да придонесеме за почисто и поубаво Кичево, затоа што тоа ни оди во прилог на сите граѓани без разлика на нашиот етникум, сите сме граѓани на овој град. Во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Д-р Александар Јовановски сме во активна комуникација и максимална соработка во служба на граѓаните. Кичевчани во иднина ќе бидат сведоци на одлични вести со по чиста и по здрава средина за живеење, на кратко за Порта.мк истакна новиот директор на установата, г-дин Бојан Стојкоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево12 минути

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на...

Временска прогноза1 час

Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима

Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (1 декември)

На денешен ден 1 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп11 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина12 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина14 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево20 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија21 час

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт2 дена

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

НАЈЧИТАНИ