Занимливости
Дали сте знаеле дека јаболковиот оцет има состојки кои помагаат за проблеми со кожата, косата, акни и воспаленија?
Многумина знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект врз косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритисот и болките во зглобовите, а помалку е познато дека е одличен сојузник и во негата на лицето! Тајната е во алфа-хидроксилната киселина, која ги отстранува мртвите клетки, ја обновува и хидрира кожата…
Ако ве измачуваат проблеми со кожата, како што се осипи, воспаленија, акни и проширени пори, јаболковиот оцет е идеално решение.
Имено, во овој оцет има алфа-хидроксилни киселини, кои ги отстрануваат мртвите клетки и ја обновуваат кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотии, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и ја хидрира кожата.
Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ја содрржат оваа компнента, но во јаболковиот оцет нивната концентрација е многу поголема.
Пред примената, јаболковиот оцет треба да се разблажи со провриена и оладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Ова треба да го правите наутро и навечер.
Со помош на јаболков оцет може да се осветлат пигментираните флеки – едноставно ставете натопен памук на местото на кожата каде имате прекумерна пигментација и оставете да отстои 20-30 минути.
Можете да користите купечки оцет, но за нега на лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет.
/denar
Занимливости
Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.
Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.
Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.
Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.
Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.
По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.
/taratur
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата
Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?
Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
-
Кичево19 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура19 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Кичево2 дена(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Магазин2 дена(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
-
Хороскоп7 часаХороскоп за четврток (4 декември)
