Временска прогноза
Денеска стабилно и сончево, од утре голема промена на времето
Во текот на денешниот ден Атмосферата во Македонија ќе биде постабилна. Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има утре попладне и навечер, како и во сабота, кога на многу места ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.
Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и од утре па за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Позначително дестабилизирање на времето утре, како и за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, со што е можна појава на локално невреме и во овој дел од Македонија.
– ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.
Уште да напоменеме дека во случај на појава на силен ветер, возачите своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
За зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде „Ла Ниња“ зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен „Ла Ниња“ па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако „Ла Ниња“ оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради „Ла Ниња“, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, „Ла Ниња“ повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Технологија1 денКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Временска прогноза1 денЗа зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
-
Хороскоп16 часаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Македонија1 денАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Магазин1 денGoogle воведува проверка на возраста во Play Store: што значи ова за корисниците?
-
Свет1 денГигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила
-
Балкан1 денЦрвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
