Следете не

Временска прогноза

Детали за времето: Од вечерва доаѓаат снежни врнежи во нашиот регион

Објавено пред

на

Како што најавивме од оваа ноќ и тоа под влијание на влажен и студен воздушен бран следуваат нови врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и утре и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Поради заладувањето врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во првите денови од следната недела. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец, додека во првите денови од следната недела ветерот ќе биде од северен и од североисточен правец.

До понеделник наутро на повеќе места се очекува да се формира нова снежна покривка, и тоа во западните и во југозападните предели локално со висина од над 20 сантиметри, додека на повисоките и планинските места локално со висина и од над 30 сантиметри.

Што се однесува до температурите, минималните речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, што значи дека истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ.

И во Скопскиот регион од оваа ноќ па натаму ќе растат условите за врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Во следните неколку денови услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина. Ќе дува и слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен, додека максималните ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени.

Известува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце  и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).

И во Скопје  и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје  и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Debrunner

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

– Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу  8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври) како и во понеделник преку денот и во вторник (6/7 октомври) во Македонија повторно времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни а поради падот на температурите повторно на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег.

За време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината  и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија11 часа

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт11 часа

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт15 часа

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа! Извор: ФФМ

Временска прогноза1 ден

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе...

Скопје1 ден

Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место

Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе...

Кичево1 ден

Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (10 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево2 дена

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија2 дена

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

НАЈЧИТАНИ