Следете не

Култура

Доаѓа еден од најголемите христијански празници „Пречиста“

Објавено пред

на

Доаѓа големиот празник Воведение на Пресвета Богородица во храмот што народот го вика „Света Пречиста“ или само „Пречиста“, овој празник, исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници.

Во нашиот регион спаѓа еден од деновите кои најмногу се чекало гости после големиот празник Св.Никола кој најмногу се слави.

Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца и е еден од поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби.

Сведоштва за овој празник (како и за некои други моменти од животот на Богородица) се среќаваат само во црковните песни и кај некои писатели на дела со црковна содржина. Праведните Јоаким и Ана, се вели во овие сведоштва, долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Беше се собрал и многу народ за да го гледа овој чуден и впечатлив настан. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што ѝ приличи на царска ќерка и Божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со Божја промисла, или со Божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по скали со 15 степеници. Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила по скалите весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен „Свјатаја свјатих”, (или Светиња на светиите). Тука никој не смеел да влезе, особено не жена, не влегувале ниту обичните свештеници, а и првосвештеникот влегувал само еднаш во годината и тоа на празникот на очистувањето, кога принесувал жртва. На ова се чуделе не само луѓето туку и ангелите, но и ова е направено со Божја промисла и е поврзано со идната улога на Богородица, мајката на Исус Христос. Св. Теофилакт Охридски за овој чин вели дека во тој момент првосвештеникот Захариј бил исполнет со Божји Дух, инаку оваа негова постапка не би можела да се објасни. Потоа Јоаким и Ана како што било ред принесле дарови и жртви за Бога и откако добиле благослов од свештениците се простиле со Марија и заедно со роднините и пријателите се вратиле во Назарет. Подоцна тие честопати го посетувале храмот во кој живеела Марија, особено тоа го правела мајката Ана.

Овде во храмот, освен млади девојчиња кои се воспитувале во вистински Божји дух и се подготвувале за идната служба, во посебни простории живееле вдовици кои служеле во храмот, како што била и пророчицата Ана, што светиот апостол и евангелист Лука ја споменува во своето Евангелие. (Лука, 2: 36-38) По смртта на својот маж Јоаким, таму се преселила и Ана, мајката на Марија, но и таа малку време живеела со својата ќерка бидејќи наскоро и таа починала.

Во храмот Богородица останала до 12-тата година. Тука живеела заедно со други девојчиња, заедно се молеле, принесувале жртви, пееле црковни песни, го читале Светото писмо и учеле некои домашни работи како везење, плетење и сл. Храна примала од раката на ангелот, кој ја штител од секакво зло. Била послушна кон сите и затоа сите ја сакале и почитувале. Така во овој храм Пресвета Дева Марија се подготвувала за идната слава што ја очекувала. Црквата ја нарекува прекрасна зора од којашто изгреало сонцето на правдата. Црковната песна пее дека Светиот Дух ја осветил таа што живеела во храмот и се хранела со небесна храна.

Светото предание уште сведочи дека кога Марија стигнала до возраста кога девојките го напуштале храмот и се омажувале, свештениците побарале и таа тоа да го направи. Но Марија тогаш им ја соопштила својата решеност да не стапува во брак туку до крајот на животот да остане во храмот и да му служи на својот Бог. Но тоа не го дозволувале законите, поради што се барало компромис. По Божја промисла таа била дадена на чување кај еден постар човек по име Јосиф, роднина на нејзините родители. Поради тоа во сведоштвата праведниот Јосиф се среќава и како нејзин старател, но и како нејзин свршеник. Така биле задоволени тогашните еврејски закони, а на Марија ѝ била исполнета желбата засекогаш да остане девица и да му служи на Бога. Дотогаш меѓу Евреите не било познато доживотно заветување на Бога, така што Марија е првата девојка што се решила и што успеала до крајот на животот да биде заветена или посветена на Бога. По нејзиниот пример подоцна тргнале илјадници девојки и момчиња.

Во спомен на воведението или воведувањето на тригодишната Марија во храмот Светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 21 ноември по стариот (или на 4 декември по новиот) календар. Црковното предание за воведувањето на Богородица во храмот започнало да се запишува уште во вториот век, во текстови познати под името апокрифи. Во четвртиот и петтиот век ова предание било познато во целиот христијански свет. Преданието раскажува дека царицата Елена подигнала црква посветена на Воведението.

Празникот Воведение почнал да се празнува многу касно. Се претпоставува дека се празнува од четвртиот век, но во пишаните документи се среќава од осмиот век. Во почетокот немал елементи на голем празник туку само како обичен спомен. Подоцна го среќаваме со претпразненство и попразненство. На иконите овој настан е насликан така што од едната страна стои првосвештеникот на старозаветната црква кој ја пречекува малата Марија на вратата од храмот, придружувана од група девојчиња со запалени свеќи, а тука се и родителите на Марија и другата придружба.

Во Гевгелиско овој ден се сметал за тежок празник, особено за тие што имале деца. Народот верувал дека цело лето немало да има болести ако тој ден дувал ветер или ако имлоа мраз. Но ако врнело тогаш ќе имало многу болести. Многумина тој ден се причестувале.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто денес ја уништуваат нашата младина.

На овој ден не се работат тешки работи, не се пере и не се шие.

Култура

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Објавено пред

на

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.

Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.

„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !

Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.

На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…

За многу години!

Бог се јави!
Навистина се јави!

ФОТО: с.Битуше „Женски Водици“ (архива Денешен)

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Објавено пред

на

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Нашите претци на тој ден изведувале разни ритуали обидувајќи се да дознаат што ги чека во иднина и го молеле светецот да им помогне во остварувањето на желбите.

На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот.

Херцеговците на овој ден не извршуваат тешки работи и водат сметка да не работат ништо околу семиња. Внимаваат на кој ден се паѓа Усекување и цела година избегнуваат на тој ден било каква активност во врска со семињата.

Србите и Македонците на овој ден постат. На децата не им даваат ништо што има црвена боја. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура…

Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.

Прочитај повеќе...

Култура

Бог се јави – Навистина се јави! За многу години „Богојавление Водици“

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан н ? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна.

И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза46 минути

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите...

Култура53 минути

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи...

Македонија1 час

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин...

Култура8 часа

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован...

Хороскоп15 часа

Дневен Хороскоп (20 јануари / четврток)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Македонија17 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија17 часа

И денешниот ковид-19 биланс е со над 2000 заболени, ова се официјалните бројки по градови

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп –...

Мобилни уреди20 часа

Новите ажурирања на „Google play“ носат подобрување за вашиот Андроид телефон

Google неодамна почна да објавува што е ново во своите месечни ажурирања на Google Play по години едноставно воведување нови...

Временска прогноза1 ден

Ќе врне снег насекаде, ова се најновите метео вести

Денес и утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална...

Кичево1 ден

(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево светиот Крст го пронајде Кристијан Врапчароски, за многу години – Бог се јави!

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Кристијан Врапчароски кој го извади светиот Крст од...

НАЈЧИТАНИ