Култура
Од денеска започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово

Од денес 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден 28 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Светата Православна Црква постојано се грижела за душите на своите верни чеда, па изнаоѓала начини за тоа според зборовите и делата на Спасителот Господ Исус Христос. Така таа се потсетува на зборовите од Господа кој вели: „Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“ (Матеј 17,21; спореди: Марко 9,29), мислејќи на демонскиот род, па токму пред Божик, како и за поголемите празници, востановила пост кој е познат како Божикен пост кој трае 40 дена и има за цел да го подготви верниот човек за дочек на Христовото раѓање со чиста совест и мисла, исто онака како што се подготвуваме ние за дочек на дете во овој свет (чистиме, купуваме добри предмети и среќни сме).
Најпрво имаме еден претходен ден за простување со ближните (Божикни поклади) и со мир во душата и мир со сите луѓе на светот да отпочнеме подвиг за пост, бидејќи навистина е голема работа да се пости и да се моли, а за тоа имаме сведоштва од светите отци на Црквата.
Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови“, односно ги потврдува Христовите зборови и тежината за секого, оти не е секој моќен за тоа, ама е потребна победа врз демоните, а тоа го правиме и телесно и духовно (психофизички).
Историјата за овој пост се следи некаде околу V и VI век, но тоа не значи дека порано го немало, туку има историска основа за сето тоа, бидејќи Богојавление и Божик се славеле во ист ден и претходел некој помалкудневен пост. Секогаш започнува на 28/15 ноември, а завршува на 6 јануари, односно 24 декември според Јулијанскиот календар, на Бадник.
Имајте лесен, благословен и богоугоден пост во овие предрождествени денови, па во овој предбожикен период посоветувајте се со свештените лица и вашите духовни Отци за напредокот во личниот живот…
Литература
Кичевчани помеѓу наградените на овогодинешната меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско по седми пат се реализираше Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во организација на истоименото Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“, со поддршка на Општина Охрид. Оваа манифестација има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија
Нашите сограѓани Лидија Аврамоска, Наташа Наумоска и Јован Миноски од Кичево беа помеѓу наградените во категоријата на Македонски автори на овогодинешната меѓународната поетска манифестација „Охридски Поетски Бисер“.
– За сите дарови Му благодарам на Бога, па и за овој дар, за оваа награда од страна на организаторите на манифестацијата Охридски поетски бисер, во која зедоа учество околу 150 македонски автори, и околу 60 од регионот и од дијаспората, а на која ми беше чест и задоволство да учествувам.
– Затоа тоа што истата испраќа една силна порака до верниот народ за зачувување на вистинските морални вредности на кои новите времиња не само што не може да ги уништат, туку не може воопшто да ги разнишаат. Затоа што нашиот народ е народ со висока свест за човечноста, а таа извира од длабоките корени на традицијата, додека организаторите на оваа традиционална манифестација токму тоа и го прават, ги негуваат тие вредности и го приближуваат народот кон човечноста, а со тоа и кон божественото.
– Им благодарам што и преку наградувањето на стиховите на „Себепознание“ го докажаа тоа со тоа што третото место ни го доделија мене и на мојата колешка Лидија Аврамоска. И преку овој гест се потврдува поговорката дека сѐ што се дели се намалува, само љубовта кога се дели станува уште поголема. А Божествената љубов е токму таква, за нашиот портал додаде г-ѓа Наумоска и ни испрати текст од стиховите на „Себепознание“
Ѕирка, довикува
од самиот раб на провалијата
наречена суета.
Понекогаш ни изгледа блиску
заради лажното смирение.
Никако не може
нашето ,,јас” да разбере
дека лажно е сѐ.
Оној ден штом осамне
утрото на вистината,
дека не на дното
ами сме под него разбереме,
тивко ќе нѐ прегрне
бескрајна смиреност,
ќе одекнува силно аплаузот
на едно себепознание,
додека образот на нашето ,,јас”
силно ќе црвенее од срам
поради нашата
правлива безвредност.
– Охридски поетски бисер е манифестација од меѓународен карактер на која имаше поети од Македоноја, Србија, Црна гора и БиХ. Од испратени 160-тина творби од македонски автори беа одбрани 50-тина. Имаше многу убави песни кои секако заалужуваа да бидат наградени, но комисијата одлучи да ми го додели 3-то место на мое огромно задоволство кое го делев со Наташа Наумоска исто така од Кичево и член на литературниот клуб „Китка“. Ова е манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик и поезија, не само во Македонија, туку и низ светот, а со тоа и нам да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски, литературен македонски јазик – за порта.мк исто така додава добитничката Аврамоска и ни ја претстави својата творба „Илузија“
Сонот лекува,
но е само пауза во бекството.
Улиците се тмурни
за фантазерите и романтичарите.
Полни се со безнадежност
Среќата е залутана
Каде е патоказот
кон она што се вика дом…
Осамени лица
под испукано небо
во џеб мирисот
на безгрижно детство
и топол леб.
Гужва и галама
на луѓе гладни,
невидливи и ладни
никој, никого на мир не остава,
а никој за никого не се грижи.
Сонцето е се подалеку и поладно.
Сакам да заспијам
и да се разбудам
кај што сонцето ја топли душата..
на некое друго место
и во некое друго време…
Култура
Нов трејлер за продолжението Stranger things 4

Пристигна нов трејлер за продолжението на Stranger things 4. Поточно, за преостанатите две епизоди од актуелната четврта сезона, кои ќе бидат достапни на Netflix од 1 јули.
Има многу нови кадри и јасно е дека главните актери ќе се соочат со Вечниот. Елевен како да ќе им помогне, иако прашање е дали е подготвена да се бори.
Секако, песната Running Up That Hill на Кејт Буш и понатаму е главниот мотив.
Филм
На „Китино Кале“ во Кичево викендов Кино под отворено небо за сите љубители на филмската проекција

Втор пат годинава, „Европското патувачко кино под отворено небо“ носи нови европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата, овој пат во Валандово, Кичево и Штип.
Европското патувачко кино под отворено небо прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика, и секоја година овој филмски фестивал патува во три различни града ширум земјата.
Европското патувачко кино под отворено небо, годинава прикажува 6 нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани филмови кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и 6 македонски кратки филмови, од кои некои се исто така наградувани на различни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот.
Годинава, фестивалот започнa во Валандово на 13 и 14 јуни пред Салата „Јанко Узунов“ а потоа продолжува во Кичево на 18 и 19 јуни, на Китино кале.
– Првата вечер на Китино кале во Кичево ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Прашливи цвеќиња и долгометражниот филм Маре кој раскажува за малото семејство на Маре и како таа го води скромното домаќинство, се додека случајна средба не го размрда нејзиното либидо. По проекцијата следува разговор со Марија Димитрова, на тема: Жените во филмот и зголемување на женското учество во филмската продукција.
– Втората вечер ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Новиот почеток и долгометражниот филм Надеж кој раскажува за големото семејство на Ања и Томас, а кога Ања открива дека има терминална фаза на рак нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. По проекцијата следува разговор со Наташа Дамјаноска, на тема: болест во семејството и начини на справување.
По Валандово на 13 и 14 јуни, и Кичево на 18 и 19 јуни , европското патувачко кино продолжува во Штип на летната сцена во Домот на млади на 24 и 25 јуни.
Проекциите започнуваат во 20.30 и влезот е бесплатен.
* Кичево, Китино кале, 18 – 19 јуни 2022
Сабота, 18 јуни 2022
ПРАШЛИВИ ЦВЕЌИЊА, режија Мирослав Илиќ, 15 мин
Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.
МАРЕ (MARE), режија Андреа Штака, 84 мин
Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако нова машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.
Разговор со Марија Димитрова, наградувана филмска продуцентка
Тема: Жените во филмот, зголемување на женското учество во филмската индустрија
Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар
Трејлер: ТУКА
Недела, 19 јуни 2022
НОВИОТ ПОЧЕТОК, режија Тања Симоновска, 15 мин
23-годишната Ана по смртта на родителите се сели во Скопје во потрага по нов почеток.
НАДЕЖ (HOPE), режија Марија Содал, 130 мин
Содржина: 43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство биолошки и посвоени деца. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да одат низ бурата? Ања и Томас се присилени да најдат решение за меѓусебна доверба, а на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Но, откако повторно ќе се најдат еден со друг, тие стануваат главни ликови во љубовна приказна и учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.
Разговор со Наташа Дамјаноска, претставничка од Институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“
Тема: Болест во семејството и начини на справување
Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар
Трејлер: ТУКА
Featured photo by: Global Engineering Int
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Автомобили6 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника6 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
На денешен ден19 часа
6 јули – На денешен ден