Следете не

Временска прогноза

Дождот кој паѓа полека ќе го заменува снег – ова се последните метео вести

Објавено пред

на

Дождот кај и да е од север и од северозапад ќе започне да го заменува снегот, што значи снежниот бран ни е се поблиску, до недела навечер, особено во западните, северозападните и во југозападните предели ќе се формира снежна покривка, локално во градовите до 20 до 30 cм, можно е и повеќе, на повисоките места над 40 cм, а на планинските места и над 60/70 cм снег. Помала снежна покривка понекаде ќе се формира и на истокот.

Се на се, Скијачката сезона започнува порано од вообичаеното!

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

©porta.mk

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Artem Kulastinen

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце.

Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.

Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) и токму ова ќе трае во текот на оваа есен како и во зимските месеци, треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа и во првата половина од есента. Со ова треба да очекуваме дека снегот оваа година може да ни присатигне порано, и тоа уште во ноември месец и во пониските предели, додека на планините снегот треба да го очекуваме уште во октомври месец.

НАПОМЕНА: Долгорочните анализи на времето се со помала веројатност за остварување во целост, тоа значи дека промени во анализата се можни, токму поради ова граѓаните да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со 90% па и повеќе од 90% со можност за остварување, за Порта.мк истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за четврток (16 октомври)

ОВЕН Пријател или роднина на Овните може да предложи пократко патување, но периодов не ви е дозволено ниту да одите...

Автомобили4 часа

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври...

Хроника11 часа

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење....

Фото: Lars Blankers @ unsplash Фото: Lars Blankers @ unsplash
Храна13 часа

Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента

Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин13 часа

Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки

Instagram започна тестирање на нов изглед на својата апликација, кој веќе е достапен за дел од корисниците. Промената засега е...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за среда (15 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Временска прогноза16 часа

Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток...

Lifestyle1 ден

Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher

Нашиот кичевчанец, добро познатиот Деан Мицкоски гостува во сабота во „Република Клуб“ заедно со „Fecky Farris“ & „Punisher“. Нашиот промотор...

Фото: Remy Lovesy @ unsplash Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Автомобили1 ден

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин1 ден

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

НАЈЧИТАНИ