Кичево
Фолтин со настап во сабота во Република 96250

Една од најуникатните групи во современата музичка историја на Македонија, Фолтин со настап во сабота 18.06.2022 во Република 96250.
Со овој концерт на Фолтин, Република 96250 ќе одекне во нивниот специфичен музички израз, старастен, духовит и со жешка танцувачка атмосфера.
Групата е формирана во 1997 година, зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави, многу награди и бројни настапи во Македонија, регионот, Европа, па и Блискиот Исток. Сето тоа е само дел од остварувањата кои го потврдуваат реномето кое го ужива овој состав.
Дојдете заедно да уживаме во нивнатa безвременска музика.
Резервации на тел: 078 322 615
Кичево
Викенд програма @Република 96250

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот.
„The Backdoor Band” се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на “рок” музиката.
Сабота (09/07/2022) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот.
Кичево
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)
Инфо: струја
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Хроника2 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Автомобили2 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
На денешен ден15 часа
6 јули – На денешен ден