Македонија
(ФОТО) Состојбата на Стража се следи, нема пречки во сообраќај

Состојбата на превој Стража активно се следи и за сега нема забрани за тешки товарни возила.
Екипите на ЈП Македонија се на терен и активно ги расчистуваат остатоците од снегот.
Автомобили кои поседуваат зимска опрема и зимски пневматици немаат проблем за движење.
Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово ,Гостивар, Дебар, Крушево, Кичево и на планинските премини Буково ,Ѓавато и Пресека.
Фотографијата е направена пред 10 минути.
Македонија
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација

На 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија. Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.
Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“, информира МВР.
Македонија
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка.
Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, истакна МВР.
Македонија
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации – видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР за јавноста.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Спорт13 часа
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години
-
Кичево1 ден
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (14 мај)
-
Македонија23 часа
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Храна2 дена
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Магазин21 час
Започнува летната сезона 2025, време е да го резервирате вашиот одмор, а „Минт (ЈК Травел)“ – Кичево ги има најдобрите понуди за вас
-
Скопје2 дена
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди