Следете не

Македонија

(ФОТО) Семејството моли за било каква помош, исчезнат е Жарко Спирески

Објавено пред

на

Исчезнат е Жарко Спирески најблиските на социјалните мрежи побараа помош да се пронајде.

– Се бара лицето Жарко Спирески. Облечен во црна јакна со црвена постава, маслинеста блуза, фармерки и црни кондури. Последен пат е забележан во околината на Волково. Ве молиме ако имате некакви информации јавете се на 078/713-788 или најблиската полициска станица, наведено е во Фејсбук објавата.

Споделете што побрзо да се пронајде Жарко.

Фото/Извор: facebook

Македонија

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Објавено пред

на

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го пронајде Светиот крст. На него Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона.

Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Љубојна“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.

Релативно искусно и рутински најубавиот пренос преку социјалните мрежи јутјуб и фејсбук го направија нашите пријатели од „2С Студио“ потпомогнати од нас и останатиот дел од нивните пријатели.

Од екипата на „livestream.mk“ од „2С Студио“ упатувам голема благодарност до сите, вклучувајќи и вас што го потпомогнавте реализирањето на овој настан, иако толку беше времето успеавме повторно да го пренесеме најголемиот христијански празник како што доликува, виден од речиси 1 милион луѓе за еден ден. Што се однесува до техниката и поставеноста на истата – надвор на терен бевме со 6 камери + 1 дрон, кои беа распоредени на најактуелните места каде граѓаните можеа да ги доловат сите квалитетни кадри (2 од црква – пристаниште, 2 харбор камери, 1 камера кај пливачите, 1 камера на кале и дрон камера за од воздух). В година здравје ќе се потрудиме да го направиме овој спектакл уште подобро пренесен –  за нашиот портал додаде сопственикот и уредник на „2С“ – Стојан Стојановски

Бог се јави!
– Навистина се јави!

Прочитај повеќе...

Македонија

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Сите станови и стопански објекти на ул. Партизански Одреди бр. 37 (Од 08:30 до 13:30 часот)
СКОПЈЕ – КАРПОШ: Дел од ул. Генерал Михајло Апостолски (Од 09:00 до 12:00 часот)
СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: ул.Мариовска , ул. Мегленска и ул.Милан Мијалковиќ (Од 09:00 до 15:00 часот)

ЕВН КЕЦ Гостивар:

с.Маврово „делот покрај Скијачкиот Центар“ (Од 06:00 до 09:00 часот)

Инфо: Струја

Прочитај повеќе...

Македонија

И денешниот ковид-19 биланс е со над 2000 заболени, ова се официјалните бројки по градови

Објавено пред

на

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.

Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица:  по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.353 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-293, Биотек-368, Систина-97, лабораторија Лаор-216, Синлаб-55, Ремедика-24, Плодност-98, Генеа-27, Никоб Лаб-716, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-47, Ројал Медика–51, Спектра-ММ-31, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.905.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин8 минути

Google почнува да ги тестира Android игрите на Windows

Microsoft го најави Windows 11 со ветување дека ќе ги поддржува апликациите за Android, иако таа функционалност не беше подготвена...

Временска прогноза2 часа

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите...

Култура2 часа

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи...

Македонија2 часа

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин...

Култура10 часа

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован...

Хороскоп17 часа

Дневен Хороскоп (20 јануари / четврток)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Македонија18 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија19 часа

И денешниот ковид-19 биланс е со над 2000 заболени, ова се официјалните бројки по градови

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп –...

Мобилни уреди21 час

Новите ажурирања на „Google play“ носат подобрување за вашиот Андроид телефон

Google неодамна почна да објавува што е ново во своите месечни ажурирања на Google Play по години едноставно воведување нови...

Временска прогноза1 ден

Ќе врне снег насекаде, ова се најновите метео вести

Денес и утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална...

НАЈЧИТАНИ