Спорт
Фудбалерите на Македонија до 19 години домаќин на мини квалификациски турнир, додека младинците до 18 години ќе одиграат контролни мечеви со Словачка
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 16 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.
Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на групата 10 ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” и на стадионот на Македонија Ѓ.П.
Младата македонска селекција турнирот го отвора против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија. Дуелот е на програмата на 17 ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 13. часот. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., силите ќе ги одмерат Норвешка и Сан Марино. Мечот ќе започне во 13. часот.
Во рамките на второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, избраниците на селекторот Неџат Шабани ќе играат против Норвешка (тренинг центар „Петар Милошевски”). Во вториот меч, Србија за противник ја има селекцијата на Сан Марино (стадион на Македонија Ѓ.П.). Двата натпревари ќе почнат во 13. часот.
Во последното трето коло, кое е на програмата на 23. ноември, Македонија ќе игра против Сан Марино (тренинг центар „Петар Милошевски”). Во вториот меч ќе играат Србија и Норвешка (стадион на Македонија Ѓ.П.). Натпреварите ќе почнат во 13. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Неџат Шабани, за претстојниот квалификациски турнир, ги повика следните фудбалери:
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Наум Ангелов (Слога Виница), Петар Јакимов (Работнички);
Одбрана: Енис Буќи (Кожуф Гевгелија), Никола Павлески (Слога Виница), Стефан Младеновски (Бабелсбергер, Германија), Ардијан Османи (Грасхопер, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Суфијан Чајани (Шкупи);
Среден ред: Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Силекс), Матео Софијаноски (Воска), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Арбнор Мурати (Дуизбург, Германија), Шабан Зенку (Борусија Минхенгладбах, Германија), Леон Ташов (Бохум, Германија);
Напад: Михаил Талевски (Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (Академија Пандев), Дашмир Елези (Шкендија), Зани Назифи (Шкендија);
Неџат Шабани, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години ги сподели своите очекувања за квалификацискиот турнир во Скопје.
– Во подготвителниот период се соочивме со големи потешкотии околу играчкиот кадар. Во поголемиот дел од подготвителните натпревари бевме ослабени со неиграњето на нашите најдобри фудбалери.
– Квалификацискиот турнир на кој сме домаќини е одлична можност за фудбалерите да го покажат целиот свој потенцијал и квалитет.
– Групата е тешка, противниците се доста силни, но доколку сакаме да играме фудбал на едно високо ниво и да оствариме позитивен резултат, ќе мора фудбалерите да го дада целиот свој максимум.
– Голем недостаток претставува тоа што за овој квалификациски турнир нема да го имаме на располаѓање Гуџуфи поради повреда. Од повиканите фудбалери, сите се на располаѓање, освен голманот Василев.
– Се надевам дека моите фудбалери ќе одговорат одлично на овој предзвик. Очекувам да одиграме добар фудбал, со голема желба и пожртвуваност. Фудбалот е колективен спорт, во денешно време нема лесни противници, нека победи најдобриот.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години е закажан на 13 ноември (недела), во 12. часот.

Додека младата репрезентација на Македонија до 18 години во ноември ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словачка. Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 16 ноември, три дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка помеѓу овие две селекции.
Натпреварите ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Штип. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Тони Јакимовски, за претстојните контролни средби, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Љупчо Џеков (Академија Пандев), Или Зибери (Шкендија);
Одбрана: (Вардар), Андреј Аризанковски (Победа), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Абиола Бамијоко (Сампдорија, Италија), Хадис Таири (Охрид), Димитар Порчу (Вардар);
Среден ред: Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Кире Стојанов (Академија Пандев), Дино Михолов (Брегалница), Фикрет Ливорека (Скопје), Теодор Николовски (Работнички), Лорик Мухтари (Либек, Германија), Лорик Каба (Шкендија), Дестан Адили (Работнички), Алтин Нурединовски (Вардар), Умерфарук Сулејман (Шкупи);
Напад: Хакија Цановски (Сент Гален, Швајцарија), Александар Богдановски (Работнички);
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 18 години е закажан на 15 ноември, во 10 часот пред тренинг центарот на ФФМ.
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево19 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура24 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија14 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп11 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин22 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
