Следете не

Спорт

Фудбалерите на Македонија до 19 години домаќин на мини квалификациски турнир, додека младинците до 18 години ќе одиграат контролни мечеви со Словачка

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 16 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.

Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на групата 10 ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” и на стадионот на Македонија Ѓ.П.

Младата македонска селекција турнирот го отвора против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија. Дуелот е на програмата на 17 ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 13. часот. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., силите ќе ги одмерат Норвешка и Сан Марино. Мечот ќе започне во 13. часот.

Во рамките на второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, избраниците на селекторот Неџат Шабани ќе играат против Норвешка (тренинг центар „Петар Милошевски”). Во вториот меч, Србија за противник ја има селекцијата на Сан Марино (стадион на Македонија Ѓ.П.). Двата натпревари ќе почнат во 13. часот.

Во последното трето коло, кое е на програмата на 23. ноември, Македонија ќе игра против Сан Марино (тренинг центар „Петар Милошевски”). Во вториот меч ќе играат Србија и Норвешка (стадион на Македонија Ѓ.П.). Натпреварите ќе почнат во 13. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Неџат Шабани, за претстојниот квалификациски турнир, ги повика следните фудбалери:

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Наум Ангелов (Слога Виница), Петар Јакимов (Работнички);

Одбрана: Енис Буќи (Кожуф Гевгелија), Никола Павлески (Слога Виница), Стефан Младеновски (Бабелсбергер, Германија), Ардијан Османи (Грасхопер, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Суфијан Чајани (Шкупи);

Среден ред: Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Силекс), Матео Софијаноски (Воска), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Арбнор Мурати (Дуизбург, Германија), Шабан Зенку (Борусија Минхенгладбах, Германија), Леон Ташов (Бохум, Германија);

Напад: Михаил Талевски (Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (Академија Пандев), Дашмир Елези (Шкендија), Зани Назифи (Шкендија);

Неџат Шабани, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години ги сподели своите очекувања за квалификацискиот турнир во Скопје.

 – Во подготвителниот период се соочивме со големи потешкотии околу играчкиот кадар. Во поголемиот дел од подготвителните натпревари бевме ослабени со неиграњето на нашите најдобри фудбалери.

– Квалификацискиот турнир на кој сме домаќини е одлична можност за фудбалерите да го покажат целиот свој потенцијал и квалитет.

–  Групата е тешка, противниците се доста силни, но доколку сакаме да играме фудбал на едно високо ниво и да оствариме позитивен резултат, ќе мора фудбалерите да го дада целиот свој максимум.

– Голем недостаток претставува тоа што за овој квалификациски турнир нема да го имаме на располаѓање Гуџуфи поради повреда. Од повиканите фудбалери, сите се на располаѓање, освен голманот Василев.

– Се надевам дека моите фудбалери ќе одговорат одлично на овој предзвик. Очекувам да одиграме добар фудбал, со голема желба и пожртвуваност. Фудбалот е колективен спорт, во денешно време нема лесни противници, нека победи најдобриот.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години е закажан на 13 ноември (недела), во 12. часот.

Додека младата репрезентација на Македонија до 18 години во ноември ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словачка. Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 16 ноември, три дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка помеѓу овие две селекции.

Натпреварите ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Штип. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Тони Јакимовски, за претстојните контролни средби, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Љупчо Џеков (Академија Пандев), Или Зибери (Шкендија);

Одбрана: (Вардар), Андреј Аризанковски (Победа), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Абиола Бамијоко (Сампдорија, Италија), Хадис Таири (Охрид), Димитар Порчу (Вардар);

Среден ред: Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Кире Стојанов (Академија Пандев), Дино Михолов (Брегалница), Фикрет Ливорека (Скопје), Теодор Николовски (Работнички), Лорик Мухтари (Либек, Германија), Лорик Каба (Шкендија), Дестан Адили (Работнички), Алтин Нурединовски (Вардар), Умерфарук Сулејман (Шкупи);

Напад: Хакија Цановски (Сент Гален, Швајцарија), Александар Богдановски (Работнички);

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 18 години е закажан на 15 ноември, во 10 часот пред тренинг центарот на ФФМ.

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.

Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.

Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.

Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.

Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.

Честито Ноле!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура33 минути

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт14 часа

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје14 часа

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево18 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура18 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили23 часа

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle23 часа

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин23 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија1 ден

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

НАЈЧИТАНИ