Кичево
Кичевската фирма „Gara Panels“ се приклучува со донација за самохраната мајка, сè е полесно кога имаме хумани пријатели и сограѓани!

Денеска нè контактираа од кичевската долгогодишна фирма „Gara Panels“, која се вбројува како една од најголемите увозници на „сендвич“ панели за градежништво на македонскиот пазар, воедно и официјален претставник на „Аркон“ панел од Грција за Косово и Македонија.
Изразија желба да помогнат и да се вклучат со нивна донација за самохраната мајка која мора итно да се оперира од тумор на мозокот, за која се организира голем хуманитарен концерт во недела / ЦК „Кочо Рацин“ од 19:00 часот.
Им благодариме од срце за донацијата, доказ дека сплотени кога е најпотребно – можеме!
– Ги охрабруваме сите кои сакаат да учествуваат со свој хуманитарен чин да нè контактираат или да присуствуваат на концертот во поголем број во недела, бидејќи вашето „малку“ за некого значи „многу“
Кичево
Викенд програма @Република 96250

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот.
„The Backdoor Band” се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на “рок” музиката.
Сабота (09/07/2022) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот.
Кичево
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)
Инфо: струја
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Автомобили9 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника9 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Култура50 минути
Утре е „Иванден“, празникот за лекување болести и за добивање потомство, за многу години да е!
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..