Спорт
Ѓоковиќ: „Моментално ми се важни грен слемовите и репрезентацијата, Торино не е приоритет“
Ѓоковиќ денеска го совлада Јанис Ксилас со 6:0, 6:1 и со тоа на Србија и ја донесе втората победа против Грција во дуелот за пласман во Светската група на Дејвис купот.
Инаку Новак денеска го совлада Јанис Ксилас со 6:0, 6:1 и со тоа на Србија и ја донесе втората победа против Грција во дуелот за пласман во Светската група на Дејвис купот.
– Луѓето можеби очекуваа подолг натпревар, не знаев што да очекувам од противникот. Одиграв добар натпревар, тој го заслужи тој еден натпревар. Многупати сум кажал колку ми значи играњето за репрезентацијата, драго ми е што сме во најсилниот состав. Не ни е лесно што не сме во Светската група, се надеваме дека следната година повторно ќе играме во групната фаза. Поминаа седум години од мојот последен настап за Дејвис куп тимот во Србија, тоа беше тука во Пионир – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.
Српскиот тенисер се наврати на минатогодишниот Дејвис куп, кога српската репрезентација беше поразена од Италија во полуфиналето и рече дека ја презема одговорноста.
– Загубив од Синер иако имав три меч топки. Мора да ги поправиме нашите двојки, ние сме една од послабите тимови таму. Ризично е да се потпрете само на сингл. Среќен сум кога гледам млади тенисери кои сакаат да напредуваат и да играат за Србија – изјави Ноле.
Тој рече дека особено го мотивира играњето за репрезентацијата.
– Ваквите работи ме мотивираат и инспирираат да продолжам, последните неколку години правам селекција на турнири на кои ќе играм. Играњето за репрезентацијата е нешто што ме тера, уживам во моментов, мило ми е што можам да придонесам за тимот со победи – изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер изјави дека не му е цел да игра на завршниот турнир во Торино и дека не го интересира позицијата на АТП листата.
– Ќе играм егзибициски турнир во Бугарија со Димитов, па Шангај. Нема да настапам на турнирот во Белград. Порано размислував неколку месеци однапред, сега веќе не е така. Во моментов ми е важно да играм Грен слем за репрезентацијата. Ми треба добар физички, психички и емоционален одмор, за да размислам генерално како сакам да продолжам, колку и каде – изјави Новак.
Дуелот меѓу Србија и Грција продолжува утре од 13 часот со двомеч меѓу Ѓоковиќ и Хамад Меѓедовиќ против Петрос Циципас и Деметрис Азоидес.
Селекторот на српската репрезентација Виктор Троицки изјави дека му е драго што Ноле решил да се приклучи на тимот.
– Гледате колку му значи на Новак да игра пред публика во Србија, тој одговори на поканата иако Грција дојде ослабена. Тој дојде овде по тешка сезона, направи нереални работи, се надевам дека ќе победиме со него. Кога тој е со нас тогаш можеме да играме против секого. Голема енергија и тим, можеме да постигнеме добар резултат со ваков тим – изјави Троицки.
Извор: Zurnal.rs
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево18 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура23 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија13 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин22 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
