Магазин
Google Translate добива нова функција

Корисниците на Google Translate сега можат да ја складираат својата историја на превод на cloud.
Уште во 2020 година, Google ги информираше корисниците на апликацијата Translate за промените во начинот на складирање на податоците. Оваа промена се случи сосема незабележливо дури сега, две години подоцна.
Во февруари 2020 година, некои корисници на апликацијата беа известени – „Историјата на преводот ќе биде достапна наскоро кога ќе се најавите и ќе може централно да се конфигурира во делот „My Activity“. Минатата историја ќе се избрише за време на надградбата, па затоа е важно да се зачува преводите што ги сакате ќе бидат запаметени, за да може лесно да им се пристапи во иднина“.
Пред оваа промена, корисниците можеа да складираат поединечни преводи на поединечни уреди, што беше добро за приватност, но не е толку добро за континуитет на платформите – не можевте да ги гледате преводите од вашиот телефон на вашиот компјутер или таблет, и обратно.
По известувањето кое стигна до корисниците, долго време не слушнавме ниту збор од Google, што е прилично чудно кога станува збор за ваква важна промена. Сепак, две години подоцна, промената пристигна и е достапна за корисниците.
Што има ново во апликацијата Google Translate
Доколку корисниците сакаат да ја зачуваат историјата на превод во cloud, мора да бидат најавени на нивната сметка додека ја користат апликацијата, односно да се погрижат опцијата Web & App Activity да е овозможена во поставките на сметката. Историјата моментално не е достапна на сите уреди, но синхронизацијата трае неколку часа, така што вашите преводи остануваат локални некое време. Можете да ја проверите оваа страница за повеќе информации.
benchmark/
Хороскоп
Хороскоп за вторник (4 март)

Овен
Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно темпо на работа, што во суштина и не ви е тешко. Поминете го денот во планови.
Пробувате да најдете компромис во своите желби и промени во емотивна смисла.
Психата ви е нагласена.
Бик
Немојте да бидете лесноверни, но со оваа негативна енергија што ја имате лесно можете да го направите тоа. Пробајте да се смирите.
Пробајте да се прилагодите на околностите и престанете да бидете сомничави за секоја личност која ќе се појави во вашиот живот.
Здрави како дрен.
Близнаци
Доколку ви е ветено унапредување, може да дојде до тоа. Ова е ден за исполнување на вашите желби.
Ќе бидете контактирани од личност од вашето минато.
Зголемен стрес.
Рак
Денес ќе бидете посветени на работата со посилно темпо.
Премногу сте уморни за емоциите кои партнерот ги бара од вас. Не е лоша идеја да се отворите за нешто сосема ново и неистражено. Потребна ви е промена.
Опуштете се.
Лав
Ви доаѓа освежување на полето на работата.
Можна е љубов со личност родена во знакот Јарец.
Намалете ги слатките.
Девица
Премногу лошо се однесувавте со колегите во изминатиот период, па тоа сега ви создава проблеми. Обидете се да ги решите во текот на денот.
Не очајувајте за некоја личност од вашето минато. Може да ви се јави некој кој е во одлично расположение и да ги покаже своите емоции.
Циркулацијата е лоша.
Вага
Покажувате поголем интерес за работата од вообичаено. Ќе имате одлична соработка со еден Лав или Вага.
Покажувате одредени емоции, но премногу студени сте кон една личност која ве обожава.
Медитирајте понекогаш.
Шкорпија
Полето на приватен бизнис е особено нагласено и немате причина за грижа.
Покажувате голем интерес кон личност која е родена во знакот Бик. Можете пријатно да бидете изненадени во текот на денот.
Одморете добро.
Стрелец
Имате одлични аспекти да започнете сопствен бизнис. Не го менувајте својот став и бидете храбри.
Имате актуелна страст со личност родена во знакот Шкорпија или Водолија.
Добро се чувствувате.
Јарец
Доколку сте од оние на кои кариерата им е на прво место, не претерувајте со работните обврски, бидејќи ви треба и малку одмор.
Склони сте кон нагли промени во расположението и тоа ја збунува личноста на која и се допаѓате.
Срцева аритмија.
Водолија
Имате доста проблеми на полето на работата и тоа е првата задача за денес, да ги завршите. Не оставајте впечаток дека не знаете што сакате.
Премногу сте колебливи. Не е лоша идеја да размислите и да се посветите на позитивните детали.
Зголемете го внесот на витамини.
Риби
Ако сте имале лошо искуство со некој од колегите, трудете се да не се потпирате на луѓе со слични навики.
Доаѓа тајна љубовна врска со личност која ја познавате од порано. Бидете отворени за нешто повеќе, овој пат.
Болки во коските.
Технологија
Тему, глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери

Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба и безбедност.
Значително ја проширивме нашата програма што обезбедува квалитет, зголемувајќи го тестирањето на производите преку продлабочена соработка со компании што се глобални лидери на полето на тестирањето и усогласеноста, вклучувајќи ги TÜV SÜD, TÜV Rheinland, SGS and Bureau Veritas.
За Temu:
Temu е глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери, производители и брендови, со цел да им овозможи подобар живот. Temu е посветен на овозможување достапни производи по достапни цени, за потрошувачите и комерцијалните партнери да можат да ги остварат своите соништа во иклузивно опкружување.
Temu е основан во САД во септември 2022 година и денес е достапен на повеќе од 80 пазари ширум светот.
/PR
Lifestyle
Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.
• Рамената се подигнуваат
• ‘Рбетот се искривува
• Тежината нерамномерно се распределува
Како правилно да носите торба?
Избор на вистинска торба
• Користете ранец наместо торба за едно рамо
• Изберете чанти со пошироки и обложени ремени
• Избегнувајте кеси со тенки ремени или синџири
Техники на носење
• Редовно менувајте ја страната ако носите торба на рамо
• Користете чанти што се носат преку телото
• Ако користите ранец, тежината распоредете ја рамномерно
• Чантата држете ја блиску до телото
• Одржувајте исправено држење
Најчестите здравствени проблеми
• Болки во вратот и рамениците
• Асиметрија на мускулите на грбот
• Главоболки и мигрена
• Притисок врз нервите
• Промени во стилот на одење
• Потенцијален развој на сколиоза кај млади
Според Американското здружение за хиропрактика, 80% од луѓето ќе имаат проблеми со грбот во текот на животот, а неправилното носење на торба може да биде една од причините.
Колку треба да биде тешка вашата торба?
• Не повеќе од 10% од вашата телесна тежина (ако тежите 70 кг, торбата не треба да биде потешка од 7 кг)
• Физиотерапевтите препорачуваат уште пониска граница – 5-6% од телесната тежина
Едноставни вежби за превенција
• Ротација на рамената – 10 пати напред, 10 пати назад
• Истегнување на вратот – навалете ја главата кон рамото и држете 15 секунди
• Притискање на рамената – повлечете ги наназад, стегнете ги лопатките и држете 5 секунди
Кога да побарате помош?
• Постојана болка во грбот или рамената
• Трнење во рацете
• Промени во држењето на телото
• Чести главоболки
• Болка што се шири кон други делови од телото
Правилното носење на торбата изгледа како мал детаљ, но долгорочно може да има големо влијание врз вашето здравје. Со следење на овие совети, ќе спречите потенцијални проблеми и ќе го зачувате здравјето на ‘рбетот и мускулите.
Извор: N1Info
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија15 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (4 март)