Следете не

Автомобили

И Tesla се сели во Индија

Објавено пред

на

Директорите на Tesla ја посетија Индија и разговараа со министрите за формирање на производствена база за автомобили и батерии.

Tesla сака што поскоро да инвестира во Индија. По состанокот на директорите на Tesla со премиерот Нарендра Моди, Маск објави дека Tesla ќе биде во Индија што е можно поскоро.

Индија направи добра понуда до Tesla, а од друга страна, Маск смета дека оваа земја има силен потенцијал за иднината на одржлива енергија. Освен во Tesla, во Индија доаѓа и Старлинк.

Американските компании се повеќе ја намалуваат нивната зависност од Кина како производна база. Tesla се откажа од плановите за влез во Индија минатата година поради високите даноци за увоз. Сепак, по Apple изгледа дека Tesla не сака да чека повеќе.

Извор: gadgets360.com

Автомобили

ВИДЕО Снимка од дрон каква што не сте виделе досега: Потерата по најбрзата формула е најлудото нешто што некогаш сте го виделе

Објавено пред

на

Звук, брзина и вистински аудио-визуелен спектакл. Тоа е најдобриот начин да се опише првата снимка од дрон како „брка“ болид од Formula 1.

Објавена е првата снимка од дрон кој следи Formula 1 болид, а резултатот е спектакуларен.

Автомобилот се тркаше со брзина од над 300 на час, а сите што гледаа беа воодушевени.

„Дури сега имате идеја колку е ова брзо“, беше еден од коментарите на возачите кои гледаа.

Ова видео покажува колку кратко треба да биде времето на реакција за да не се направи грешка.

Уживаjте.

Прочитај повеќе...

Автомобили

Потрошени милијарди долари, Apple се откажува од развојот на линија на електрични автомобили

Објавено пред

на

Apple се откажа од плановите за влез на пазарот на електрични автомобили, а менаџментот на компанијата стави крај на таен развоен проект на кој досега се потрошени милијарди долари. Челниците на компанијата ја соопштија ненадејната одлука на интерен состанок. Многумина кои работеа на проектот ќе бидат префрлени да работат на развој на генеративна вештачка интелигенција.

Се верува дека Apple потрошил милијарди долари на проектот Titan, обидувајќи се да развие полуавтономно електрично возило. Одлуката за прекин на програмата многумина ја коментираат како голема промена во стратегијата.

Иако компанијата никогаш официјално не ги објави своите планови да вклучи електрични возила во линијата, проектот подигна многу терен во автомобилската и високотехнолошката индустрија.

Apple претходно ангажираше луѓе и директори од „Lamborghini“ и „Tesla“ да управуваат со развојот, а во 2019 година го купи стартапот „Drive.ai“ кој развиваше автономни возила.

Блумберг објави дека најавата за повлекување била големо изненадување и дека стотици вработени во проектот сега се соочуваат со можни отпуштања.

Компанијата уште во 2014 година почна да доделува значителни ресурси за проектот, но оттогаш постојано наидува на пречки. Десетици луѓе поврзани со проектот беа отпуштени во 2016 година, а највисокиот извршен директор пребегна во Форд во 2021 година.

/Rts

Прочитај повеќе...

Автомобили

Стигна целосната црвена линија на патиштата: Што значи тоа за возачите?

Објавено пред

на

Важен чекор за подобрување на безбедноста на патиштата.

Владата на Андалузија неодамна за прв пат означи црвена линија каде што претходно имаше двојна солидна бела линија на државниот пат А-355 во Малага, еден од најопасните во Шпанија.

Оваа црвена линија беше поставена како важен чекор во подобрувањето на безбедноста на патиштата, бидејќи двојната бела линија очигледно не се покажа како доволно ефикасна. Шпанските власти се надеваат дека црвената линија ќе биде јасно предупредување за возачите да останат на нивната лента и дека престигнувањето е забрането. Целта на оваа мерка е да се намали бројот на сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Покрај црвената линија, предвидено е долж патот да се постават и четири едукативни радари или дигитални знаци. Овие уреди ќе ги информираат возачите за нивната моментална брзина и ќе ги потсетуваат на максималната дозволена брзина, што дополнително ќе придонесе за безбедноста на патиштата. Доколку црвената линија не е доволна за да ги спречи возачите да прават прекршоци, надлежните како последна мерка најавуваат воведување камери и радари на критичните точки.

Овие иницијативи произлегуваат од високата стапка на сообраќајни несреќи во текот на претходната година, кога на тој дел од патот животот го загубија десет лица. Дополнително, патот што беше отворен во 2014 година со предвидена дневна фреквенција од 7.000 возила, сега речиси го удвојува тој број, со речиси 20.000 возила дневно, вклучително и голем број товарни возила.

/SD

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ: Обновата на Националната арена „Тодор Проески” официјално заврши

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде новиот хибриден терен на Националната арена „Тодор Проески” на Акционерското друштво за...

Автомобили6 часа

ВИДЕО Снимка од дрон каква што не сте виделе досега: Потерата по најбрзата формула е најлудото нешто што некогаш сте го виделе

Звук, брзина и вистински аудио-визуелен спектакл. Тоа е најдобриот начин да се опише првата снимка од дрон како „брка“ болид...

Магазин6 часа

Microsoft Photos добива поддршка за вештачка интелигенција

Microsoft најави генеративна гума за бришење слики со вештачка интелигенција, која ви дава лесен начин да ги отстраните несаканите елементи...

Магазин6 часа

Се повеќе зависни од нив: Социјалните мрежи и игрите ги преземаат децата

Во услови на пандемијата, многу деца и млади луѓе ја убиле својата досада потопувајќи се во дигиталниот свет на Instagram,...

Магазин6 часа

Huawei ја предводи глобалната 5.5G експанзија со повеќе од 1,6 милијарди корисници ширум светот

На најголемиот саем за мобилна технологија што традиционално се одржува во Барселона, MWC 2024, беше истакнато дека напредните 5G мрежи...

Македонија17 часа

Намалена видливост поради магла патен правец према Стража, Лисец – Попова Шапка

АМСМ известува дека следните патни правци се под густа магла со намалена видливост од 25м. на пат Лисец – Попова...

Хороскоп19 часа

Месечен Хороскоп (март)

ОВЕН Покажувате подготвеност да се посветите на започнувањето нов проект кој ќе ви биде многу значаен за работата. Свесни сте...

Кичево23 часа

„CableCall“ – Кичево со одлична ТВ и Интернет понуда, од сега со одлични брзини и стабилна оптичка мрежа која ќе ги задоволи вашите интернет потреби!

Регионалниот интернет и телевизиски оператор со седиште во Кичево „Cable Call“ како што најавивме, го прошири оптичкиот мрежен систем за...

Спорт1 ден

Денес со „ждрепка“ извлечени паровите за четвртфиналето во „Куп на Македонија“ за младински категории во фудбал

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за четвртфинале во рамките...

Магазин1 ден

Дали знаете зошто швајцарските сирења имаат дупчиња?

Швајцарското сирење секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврсто тело и орев, но сладок вкус. Исто така, има...

НАЈЧИТАНИ