Следете не

Автомобили

Индивидуалните сопственици не смеат да го продаваат Cybertruck во текот на првата година

Објавено пред

на

Понатаму, Tesla рече дека може да бара „отштета“ од клиентите во износ од „50.000 долари или вредноста добиена како надомест за продажба или трансфер“.

Набргу откако информациите ги обиколија социјалните мрежи, Tesla ја отстрани клаузулата.

Сепак, како што известува Electrek, клиентите кои ја нарачале верзијата на пикапот од серијата од 120.000 долари, дошле со договор со оваа контроверзна клаузула, која сè уште е во сила.

Доколку сакаат да го продадат Cbyertruck пред крајот на една година од купувањето, Tesla бара од сопствениците да ја известат компанијата, која потоа ќе ги откупи по малопродажната цена минус 25 центи по извозена милја и минус трошоците за абење. , како и трошоците за какви било поправки.

Исто така, купувачите можат да го продадат својот Cybertruck без казна само ако производителот на автомобили одбие да го купи нивното возило и тие имаат писмена согласност да го продадат на трето лице.

Други производители на автомобили, особено луксузни марки, применуваат слично правило. Во случајот на Tesla, компанијата допрва треба да разјасни дали ова ќе важи за сите купувачи на Cybertruck или само сопственици на варијантата на серијата Foundation.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево47 минути

„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“

Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со...

Фото: Imad 786 @ unsplash Фото: Imad 786 @ unsplash
Lifestyle4 часа

Совршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда

Кајганата со кремаста текстура е еден од најбрзите и највкусни оброци што можете да ги подготвите — идеален избор за...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин4 часа

YouTube воведува револуционерна AI функција – старите видеа сега изгледаат како нови

YouTube го претстави најголемото визуелно подобрување досега – нова функција со вештачка интелигенција што автоматски ја зголемува резолуцијата на старите...

Фото: Matthew Manuel @ unsplash Фото: Matthew Manuel @ unsplash
Магазин4 часа

Microsoft ги надмина очекувањата благодарение на силниот раст на cloud бизнисот

Американскиот технолошки гигант Microsoft објави квартални резултати кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, благодарение на значителниот раст на сегментот облак...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин4 часа

Nvidia стана првата компанија во светот вредна пет трилиони долари

Технолошкиот гигант Nvidia стана првата компанија во историјата со пазарна вредност поголема од пет трилиони американски долари. Според извештајот на...

На денешен ден7 часа

Светот „На денешен ден“ – 30 октомври

1762 – Роден е францускиот поет Андре де Шение, кој ги споил класичните поетски форми со новиот романтичарски дух. Се...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт17 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт1 ден

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија1 ден

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

НАЈЧИТАНИ