Следете не

Магазин

Како да ја користите новата auto-delete тајмер функција на Телеграм

Објавено пред

на

Telegram има опција да испраќа ефемерни пораки во својот шифриран Secret Mode режим од 2013 година.

Нема потреба да се грижите за историјата на разговорите

Минатата година воведе нова функција, тајмер – која може да биде овозможена 24 часа или 7 дена – за автоматско бришење на пораките за сите разговори на Телеграм. Во текот на викендот, апликацијата ја ажурираше оваа функција за да овозможи прилагоден тајмер за автоматско бришење за сите разговори. Дополнително, за разлика од претходната верзија, не бара да ја избришете историјата на разговори во апликацијата Android. Не заборавајте да ја ажурирате апликацијата Telegram пред да ја користите оваа функција.

Еве како да го користите:

  • Отворете ја апликацијата Telegram на вашиот телефон.
  • Одете во разговорот за кој сакате да ја активирате опцијата за автоматско бришење.
  • Допрете го банерот на контактот.
  • Допрете го менито со три точки. Ова е достапно во горниот десен агол на екранот на Android и под опцијата „More“на iOS.
  • Допрете ја опцијата Enable Auto-Delete (iOS)/ Auto-Delete (Android) и изберете претходно поставен тајмер.
  • Можете исто така да изберете приспособена временска рамка, која се движи од еден ден до една година.

Кога ќе ја овозможите оваа опција, сите ваши идни пораки во разговорот автоматски ќе се избришат по одредено време. Конкретно, за групи, само администраторите можат да ја овозможат оваа опција.

Извор: Thenextweb

Хороскоп

Хороскоп за вторник (29 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.

БИК

Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.

БЛИЗНАЦИ

Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.

РАК

Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!

ЛАВ

Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.

ЈАРЕЦ

Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.

ВОДОЛИЈА

Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (28 јули)

Lifestyle

Како да ги отстраните тврдокорните дамки од дрвен мебел со природни средства

Објавено пред

на

Фото: Polina Tankilevitch @ pexels

Дрвениот мебел е симбол на топлина и елеганција во домот, но има една мана – многу лесно се оштетува. Дамките од вода, пијалоци или кондензација често оставаат трајни траги на дрвените површини, особено ако не се забележат навреме.

Иако користењето подметачи е добра превентивна мерка, несреќи се случуваат. Добрата вест е што не мора веднаш да посегнете по скапи средства или професионални услуги. Постојат неколку едноставни и ефективни домашни методи кои навистина делуваат.

Мајонез – неочекуван но ефикасен сојузник

Овој метод звучи необично, но е изненадувачки ефикасен. Нанесете мала количина мајонез директно на дамката користејќи хартиена крпа. Оставете го неколку часа или преку ноќ. Утредента, избришете го вишокот и полирајте ја површината со малку оцет – за подобар сјај и свеж изглед.

Природна комбинација: оцет + маслиново масло

Оваа мешавина не само што ги отстранува дамките, туку и го храни дрвото. Измешајте еднакви количини од двете состојки, нанесете ја смесата со мека крпа и тријте во правец на дрвото. Оцетот ја разградува дамката, а маслото ја враќа мекоста и сјајот.

Обична пегла – моќта на топлината

Покријте ја дамката со тенка памучна крпа, па со обична пегла за алишта (поставена на ниска температура, без пареа) внимателно поминете неколку секунди врз ткаенината. Топлината ќе помогне влагата да испари од дрвото. Потоа, површината може дополнително да се освежи со неколку капки масло или средство за полирање.

Паста за заби – за мали и свежи дамки

Ставете мала количина обична бела паста за заби (не гел) на дамката и со крпа нежно втријте. Потоа избришете ја површината прво со влажна, а потоа со сува крпа. Овој метод е најкорисен за понови и помали дамки.

Извор: SZena

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза57 минути

Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за вторник (29 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Македонија19 часа

МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност

Денеска министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за...

Кичево20 часа

(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело...

Македонија23 часа

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (28 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Кичево1 ден

„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“

И оваа година „Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ ќе земе учество на традиционалниот ден „Илинден“ во Крушево, каде со своја...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!

Денеска нешто по 13 часот во месноста големо Црско помеѓу с.Белица кичевска и с.Цер беснее голем пожар. Дополнителни проблеми создава...

Хроника2 дена

Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице

Утрово, околу 08:20ч во кичевско на локалниот пат Мамудовци-Црвивци, во близина на бензинска станица, се случила тешка сообраќајна несреќа каде...

Lifestyle2 дена

Како да ги отстраните тврдокорните дамки од дрвен мебел со природни средства

Дрвениот мебел е симбол на топлина и елеганција во домот, но има една мана – многу лесно се оштетува. Дамките...

НАЈЧИТАНИ