Кичево
Кичевчанец додека возел велосипед кучиња скитници го нападнале, паднал и се повредил, истиот ден дете било каснато од куче скитник

Вчера на 21.09.2022 година во 21.20 часот, Ш.С.(41) од Кичево во надлежната полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син, на улицата „Мемедалија Велиоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Истиот ден, Е.А.(57) од Кичево пријавил дека на улицата „Раим Лика“ во Кичево бил нападнат од кучиња скитници додека возел велосипед, при по што паднал и се повредил, за медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095
Среќен роденден и успех понатаму!
Кичево
(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“

Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со кореографска режија на Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, проект поддржан од Министерство за Култура и Туризам. Публиката повеќе од еден час имаше можност да ужива во одличните изведби на играорците при културно уметничкото друштво, водени од оркестарот под раководство на Јован Митрески.
Официјални гости на манифестацијата беа ученици од државно музичко балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје. На концертот беа претставени повеќе етнички предели од брсјачката и јужно македонската етнографска целина, од етничките предели Воден, Меглен, Леринско поле, Долна Преспа и Костурско, а пред публиката беа изведени и повеќе сценски адаптации и поеднечни традиционални ора и ороводни песни како што се Левото, Машкото, Сулејманово, Рајко, Софкино и многу други.
Програмата на концертот ја водеше г-ѓа Оливера Ширговска. Величествената манифестација со свој говор ја отвори директорот на установата г-дин Мазлам Османи кој посака топло добредојде на бројната публика.
– „Велигден“ како еден од најголемите Христијнски празници претставува симбол на победата светлината и надежта неговата порака е вечна инспирација за сите нас, да останеме посветени на добрината, човечноста и заедништвото. Нашиот Центар за Култура има чест и обврска да ја негува традицијата, да создава мостови помеѓу уметноста и заедницата и да биде чувар на духовните вредности кои не обединуваат.
Вечерашната програма е израз на таа посветеност, преку музиката и уметничкиот израз ние ја славиме убавината на животот и силата на верата.
– Дозволете ми во оваа свечена прилика да упатам посебна благодарност до Министерството за Култура и Туризам за нивната континуирана поддршка и доверба што ни ја укажуваат со поддршка на сите културни активности кои ги организира нашата институција, исто така изразувам искрена благодарност до сите вработени во Центарот за Култура кои со својата професионалност посветеност и ентузијазам се темелот врз кои се градат сите наши успеси, нивната работа која е најчесто зад сцената е незаменлива и вредна за најдлабоко почитување, а исто така сакам да упатам благодарност и до кореографите Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, оркестарот на Јован Митрески како и родителите за нивното присуство, заврши г-дин Османи, директор на ЦК „Кочо Рацин“
– На крај од концертот г-ѓа Ширговска по повод 20 години јубилеј на КУД „Рацин“ од Кичево кој оваа година одбележува во успешно творење, промовирање и зачувување на културното наследство, а во чест на овој важен момент најави голем јубилеен концерт на кој ќе се прослави нивната богата историја посветеност и љубов кон фолклорот и уметноста, а воедно оваа пролет односно на 27-ми и 28-ми мај продолжува и Меѓународниот фолклорен фестивал на песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“ со гости од Турција, Украина, Полска, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ, секако покрај домашните културно уметнички друштва.
Во оваа прилика им честитаме за досегашните успеси и им посакуваме уште многу години плодна работа и уметнички достигнувања.
Во продолжение, Порта.мк се погрижи и овој концерт да добие трајна вредност и во целост да ви го пренесе, така што останува само да уживате во нешто повеќе од еден час, македонска традиција и уметност.
- Вечна да биде традицијата!
/Д.Б.
Кичево
ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа З.Ѓ.(47) и Р.Ѓ.(45), двајцата од Кичево, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.04.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа Е.Ф.(36) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основниот суд Кичево за издржување затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за сабота (3 мај)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (2 мај)
-
Култура2 дена
Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона
-
Македонија1 ден
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Македонија1 ден
Дебарчанец не застанал на даден знак од МВР, потоа кога го сопреле, бил пијан и без возачка
-
Спорт23 часа
ФФМ истакна официјални дисциплински одлуки за овие фудбалски клубови
-
Македонија4 часа
Кичевчанка кај с.Подвис била касната од куче скитник
-
Временска прогноза7 часа
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време