Следете не

Здравје и убавина

Кинески научници идентификуваа нов ген кој води до ретка болест на крвта

Објавено пред

на

Кинеските научници идентификуваа нов ген чиј недостаток може да доведе до хемофагоцитна лимфохистиоцитоза (HLH), ретка и опасна по живот болест на крвта, објави новинската агенција Ксинхуа.

Болеста најчесто се јавува во раното детство, а единствена ефикасна терапија е трансплантација на матични клетки. Во претходните студии се идентификувани 12 ризични гени, но тие можат да објаснат само мал број случаи на HLH.

Новата студија, чии наоди беа објавени во списанието за хематологија и онкологија, може да им помогне на лекарите да ги прегледаат популациите со висок ризик за оваа генетска болест и да ги зголемат стапките на рана дијагноза и третман.

Користејќи ја технологијата за секвенционирање на целиот геном, истражувачите од Пекингшкиот институт за геномика, во рамките на Кинеската академија на науките и во соработка со Детската болница во Пекинг на Националниот медицински универзитет, идентификуваа нов NBAS ген кај кинески пациенти со HLH.

Според резултатите од студијата, која опфатила 237 случаи, проценетата фреквенција на варијанти на НБАС кај засегнатите деца била 2,11 отсто, што го прави НБАС вториот најчест мутиран ген. Првиот, наречен PF1, има стапка на мутација од 3,8 проценти.

Истражувањето е најнов пример за засилените истражувачки напори на Кина за спасување на милиони пациенти со ретки болести во земјата, рече Ксинхуа.

/beta

Здравје и убавина

Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Објавено пред

на

ФОТО: Towfiqu barbhuiya @ Unsplash.com

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Во последно време, многумина почнаа да го пијат оцетот на празен стомак пред појадок, што всушност не е најздравата практика.

Истражувањата од последниве години покажуваат дека јаболковиот оцет е најделотворен кога се консумира пред оброк, но во попладневните часови. Раствор од оцет и вода може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, поддржува слабеење и ја подобрува апсорпцијата на железо.

Се препорачува дневна количина од 20 мл јаболков оцет разреден со вода, но важно е ова да се пие непосредно пред јадење. На тој начин може да се постигнат следниве ефекти:

  • Стабилизација на шеќерот во крвта – Истражување од 2013 година покажа дека оцетната киселина го успорува разградувањето на јаглехидратите, што е корисно за луѓето со дијабетес тип 2. Друго истражување од 2011 година покажало дека помага и кај дијабетес тип 1.
  • Поддршка во намалување на тежината – Јаболковиот оцет го зголемува чувството на ситост, а најдобри резултати се постигнуваат кога се користи оцет со повисока концентрација на оцетна киселина.
  • Подобрување на апсорпцијата на железо – Студија од 2002 година утврдила дека оцетот ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо преку цревата.

Најдобро е оцетот да се консумира пред ручек или рана вечера. Пиењето на празен стомак, особено наутро, не се препорачува, бидејќи може да предизвика несакани појави како горушица, болки во желудникот или лошо варење. Ова посебно важи за луѓе со проблеми со дигестивниот систем.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Beau Runsten

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и двете работи. Многу е пишувано за придобивките од велосипедизмот, но вреди да се повторат за оваа активност, што меѓу другото, го радува вашиот паричник.

Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.

Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.

Калории

Возењето велосипед со околу 20 километри на час согорува 563 калории за 60 минути.

Во исто време, недоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт, поради што Светската здравствена организација препорачува возрасните на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно за да останат здрави.

И при постигнување на оваа цел, идеален партнер може да биде вашиот велосипед. Потребни се околу 20 минути возење на ден за да ја постигнете целта.

Вклопете го велосипедот во секојдневниот живот

Покрај тоа што помага да се држат голем број здравствени проблеми далеку од вас, возењето велосипед е забавна активност што можете лесно да ја вметнете во вашата дневна рутина. Нека велосипедот стане ваше превозно средство за да одите до продавница или да работите.

Возењето велосипед, со текот на времето, ќе има позитивен ефект врз вашата координација и ќе ја подобри циркулацијата, така што резултатот ќе биде побрзо закрепнување на вашето тело.

Покрај тоа, со текот на времето, ќе има зајакнување на мускулите на долниот дел од телото и подобра подвижност на одредени зглобови. Ова значи дека ова може да биде одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите и артритис.

Вие нема да се откажете толку брзо

Иако е можно вие самите некогаш да започнете физичка активност и да се откажете многу брзо, возењето велосипед не е една од таквите активности.

Луѓето кои вклучуваат велосипедизам во нивниот секојдневен живот, честопати се посветени на повеќе активности отколку оние кои почнуваат да вежбаат во теретана. За разлика од другите форми на вежбање, повеќето луѓе кои возат велосипед остануваат верни на тоа цел живот.

Возењето велосипед не ги оптеретува колената како што се прави после некое време премногу трчање или пешачење, а од друга страна не бара многу опрема како што е случај со други активности.

Затоа, следниот пат кога ќе заглавите во преполн град, додека седите зад воланот, добро размислете како еден велосипед може да ви го олесни денот и да го подобри вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Farhad Ibrahimzade

Кога ќе забележите дека повеќе денови по ред сте поуморни од вообичаено, физички или ментално, треба веднаш да реагирате и да се потрудите порано да заспиете и во текот на ноќта да спиете барем седум часа, редовно да вежбате и да практикувате техники за опуштање кои најмногу ви одговараат.

Многу е важно секако и како се храните – доколку не внесувате доволно неопходно хранливи материи, логично е дека ќе бидете уморни.

Обрнете внимане на големината на оброците – обилните оброци богати со масти го заморуваат организмот. Енергијата се пренасочува кон варењето и правењето залихи.

Од друга страна, недоволното внесување храна исто така го заморува организмот и за кратко време доведува до исцрпување на резервните витамини и минерали во телото.

Исто така е важно да не се прескокнуваат оброците (особено појадокот) и секојдневно да се зема оброкот во исто време.

Извор: денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Вечерва нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите, известуваат...

Хороскоп5 часа

Хороскоп за понеделник (7 јули)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Македонија6 часа

МВР: Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е...

Спорт8 часа

За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување. Турнирот...

Македонија16 часа

ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското...

Lifestyle17 часа

Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена

Кујнските крпи се еден од најкористените, но и најчесто запоставените предмети кога станува збор за одржување на хигиената во домот....

Lifestyle17 часа

5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?

Во денешно време, клима уредите се неизбежен дел од секој дом – особено за време на сè пожешките лета. Без...

Временска прогноза20 часа

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните ...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Скопје2 дена

Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот...

НАЈЧИТАНИ