Следете не

Занимливости

Кинескиот ровер „Јута-2“ откри необичен објект на месечината

Објавено пред

на

Доколку се оди според планот, светската јавност наскоро би требало да добие повратна информација за она што кинескиот ровер „Јута-2“ ја откри на таканаречената темна страна на Месечината.

Имено, новинарот Ендрју Џонс во петокот на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа „зграда од коцка“ направена од камерата на споменатиот ровер, на приближно 80 километри од возилото.

Структурата во кинеските медиуми веднаш беше наречена „мистична куќа“, а особено ја разбуди имагинацијата на оние кои се надеваат дека конечно ќе добиеме потврда дека природниот сателит на Земјата го користат и вонземјани.

Иако многу љубители на НЛО со години шпекулираат дека вонземјаните имаат бази поставени на темната страна на Месечината, Џонс смета дека ќе бидат разочарани од фотографиите што роверот ќе ги испрати наскоро.

„Тешко е да се забележи од сликата, но верувам дека не е обелиск или зграда на вонземјани“, напиша тој со фотографијата, истакнувајќи дека пред неколку години за време на мисијата Chang’e-3, бил забележан камен кој исто така дал имагинација од далечина.по волја.

Извор: novimagazin.rs

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

Светот на денешен ден (18 ноември)

Среден век и големи откритија 1477 – Основан е рускиот град Екатеринбург. 1493 – Кристофер Колумбо за првпат го здогледува...

Хороскоп5 часа

Хороскоп за вторник (18 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија13 часа

МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор...

Култура14 часа

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија....

Македонија14 часа

Поскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Скопје15 часа

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат...

Македонија16 часа

Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово...

Спорт17 часа

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин17 часа

Голем број нови функции доаѓаат во One UI 8.5, вклучувајќи го и App Lock

One UI 8.5 носи значајни подобрувања, меѓу кои се враќањето на Smart Manager Center, воведувањето на App Lock, нови алатки...

ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi
Магазин17 часа

Samsung планира 310 милијарди долари за вештачка интелигенција

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со...

НАЈЧИТАНИ