Временска прогноза
Ќе се дише, од денес нема повеќе екстремно високи температури, утрата посвежи..
Продолжува стабилното, суво и претежно сончево време во Македонија, само во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сепак утринските температури ќе бидат многу пониски од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, но утре изутрина во Малешевијата таа ќе се спушти и под 10 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст, но тие нема да бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.
Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време. Исклучок ќе биде понеделник попладне, кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурата ќе биде значително пониска за разлика од изминатите утрини и таа ќе се спушта во интервалот од 12 до 16 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.
Ув индексот во следните денови ќе има многу висока вредност (вредност 9), што значи малку ќе биде понизок за разлика од изминатите денови, кога тој имаше екстремно висока вредност 10.
На самиот почеток од следната седмица, во регионот повторно се очекуваат нови временски непогоди и опасно време, а во почетокот од август од Арктикот кон европа би можело да се спушти нов студен бран и со себе да донесе интензивни врнежи од снег во Алскиот регион, но и големо невреме на Балканот.
Автор на текст: Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево20 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп8 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза9 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија10 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт8 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
