Следете не

Занимливости

Кога возите, немојте да пиете алкохол, Британска организација ја студирала способноста за возење и издаде препораки колку треба да чекате по пиењето..

Објавено пред

на

Во Велика Британија, меѓу пет и 11 часот наутро, четвртина од возачите биле казнети за возење во пијана состојба (каде што законската граница е 0,8 промили). Што ни кажува тоа? По една ноќ на пиење, алкохолот се задржува во телото и возачите се уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобилот.

Затоа, бидете внимателни со алкохолот, а особено со проценката кога можете да возите. Како алкохолот ќе влијае на вас? Како алкохолот ќе влијае на вас? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, тежината на консументот, видот на алкохолот, што сте јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени…

Британската организација за безбедност на патиштата „Road Respect“ го анализирала консумирањето алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку треба да чекате по пиењето, односно колку долго се задржува алкохолот во организмот.

Обидете се да ги следите овие упатства.

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа

Две пијалоци – 7 часа

Три пијалоци – 10,5 часа

Четири пијалоци – 14 часот

Пет пијалоци – 17,5 часа

Чаша алкохол (40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 часа

Два пијалаци – 3 часа

Три пијалоци – 4,5 часа

Четири пијалоци – 6 часа

Пет пијалоци – 7,5 часа

Пиво, лагер (5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа

Два пијалаци – 5 часа

Три пијалоци – 7,5 часа

Четири пијалоци – 10 часа

Пет пијалоци – 12,5 часа

Извор: kurir.rs

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија6 часа

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

Македонија8 часа

Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Спорт8 часа

ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот...

Фото: Yosuke Ota @ unsplash Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Магазин10 часа

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат...

Фото: Val Vesa @ unsplash Фото: Val Vesa @ unsplash
Автомобили11 часа

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA)....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин11 часа

ChatGPT конечно престанува да ги користи непотребните цртички

ChatGPT долго време ги игнорираше дел од упатствата што му ги задаваат корисниците. Иако многумина бараа да не користи долги...

Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash
Магазин11 часа

Социјалните мрежи влегуваат во ера на поделби, а Facebook и понатаму опстојува

И покрај годините шпекулации дека корисниците масовно го напуштаат, Facebook останува една од најстабилните платформи. Според ново истражување на истражувачкиот...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин11 часа

Google ги заострува правилата за Android апликациите што трошат премногу батерија

Google воведува нови правила со цел подобро управување со потрошувачката на батеријата кај Android апликациите. Компанијата најави дека наскоро ќе...

Скопје11 часа

Камерите ќе ги „ловат“ оние кои прекршуваат закон за сообраќај: СВР Скопје преку проектот „Безбедна држава“ денес започна со пробниот период каде сторителите добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок

Денеска започна пробниот период за проектот Безбедна држава, сторителите на сообраќајни прекршоци добиваат известување за сторениот прекршок Согласно одредбите на...

НАЈЧИТАНИ