Следете не

Видео

Колку е издржлив Samsung Galaxy S22? (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Само неколку дена откако Samsung ја претстави новата серија на телефони Galaxy S22, стандардниот модел се најде тестиран за издржливост.

YouTube каналот PBKreviews, покрај издржливоста на уредот, реши да го расклопи Galaxy S22 со што ни дава увид во хардверот на телефонот.

Тестот на издржливост започна со потопување во вода, што не го загрозува уредот кој има IP68 сертификат.

Тестот за гребење на екранот открива дека подлабоките засеци на екранот S22 се појавуваат од осмото ниво на скалата на Мос (самиот екран има Corning Gorilla Glass Victus + заштита). Задниот дел е создаден од истиот стаклен материјал и е изгребан на исто ниво.

Кога станува збор за тестот за издржливост, свиткувањето на уредот од двете страни не предизвика никакво оштетување, давајќи му на Galaxy S22 оценка за издржливост 10/10.

Интересен е и процесот на расклопување на телефонот, кој можете да го погледнете во придружното видео, а S22 доби оцена 7,5 / 10 за можноста за сервисирање.

/b92.net/

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Свет5 часа

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари....

Македонија8 часа

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од...

Кичево11 часа

Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост: Извор: Група граѓани с.Цер (фб Србјани)

Хроника13 часа

МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (17 јули)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Скопје2 дена

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (16 јули)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Временска прогноза3 дена

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до...

НАЈЧИТАНИ