Спорт
Комплетирано 12-то коло во најсилната италијанска фудбалска „Серија А“, Наполи и Милан во мртва трка продолжуваат понатаму
Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 вчера вечер, во натпреварот од 12. коло на италијанската Серија А.
Фудбалерите на Интер први поведоа во градското дерби, кога Хакан Чалханоглу беше прецизен од белата точка во 11. минута, домашните израмнија по автоголот на Стефан Де Фрај во 17. минута, а 10 минути подоцна непрецизен од „белата точка“ беше играчот на Интер Лаутаро Мартинез.
Милан остана втор на табелата во Серија А со 32 бода, исто колку и првопласираниот Наполи, додека Интер е трет со 25 бодови.
Во следното коло Милан ќе игра против Фиорентина, а Интер ќе го пречека Наполи. Во неделата се одигра натпреварот помеѓу Сампдорија и Болоња, а избраниците на Синиша Михајловиќ славеа со 2:1.
Болоња поведе во 47. минута со голот на Матијас Сванберг, но не го спаси својот гол, па Мортен Торсби го израмни резултатот во 77. минута.
Сепак, само една минута по голот, Марко Арнаутовиќ, Австриец во дресот на Болоња, им донесе голема победа на неа и на Михајловиќ.
Арнаутовиќ беше прецизен во 78. минута, а му асистираше Сванберг кој го постави конечниот резултат. Болоња сега има 18 бодови на деветтото место во првенството, додека Сампдорија има девет бодови на 18. место.
Ова се резулатите кои го комплетираа 12-тото коло на италијанската „Серија А“
Serija A, 12. kolo:
Milan – Inter 1:1 (1:1)
(De Fraj 17. ag – Čalhanoglu 11. p)
Sampdorija – Bolonja 1:2 (0:0)
(Torzbi 77 – Svanberg 47, Arnautović 80)
Venecija – Roma 3:2 (1:2)
(Kaldara 3, Aramu 65. p, Okereke 75 – Šomurodov 43, Ejbraham 45+2)
Udineze – Sasuolo 3:2 (2:2)
(Delofeu 8, Fratezi 39. ag, Beto 51. – Berardi 15, Fratezi 28)
Lacio – Salernitana 3:0 (2:0)
(Imobile 31, Pedro 36, Luis Alberto 69)
Napoli – Verona 1:1 (1:1)
(Di Lorenco 18 – Simeone 13)
Subota:
Specija – Torino 1:0 (0:0)
(Sala 58)
Juventus – Fjorentina 1:0 (0:0)
(Kvadrado 90+1)
Kaljari – Atalanta 1:2 (1:2)
(Žoao Pedro 27 – Pašalić 6, Zapata 43)
Petak:
Empoli – Đenoa 2:2 (0:1)
(Di Frančesko 62, Zurkovski 72 – Krišito 13. p, Bjanki 89)
Моментална табела:

ФОТО: Vienna Reyes
Извор: Nova
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево9 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина10 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
