Кичево
(ВИДЕО) Спектакуларниот концерт на маестро Лука Лазарески од Кичево, еден час вистинско празнично уживање

На 22-ри декември во големата сала на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ беше одржан концерт на виртуозот на пијано, малиот Лука Лазарески, кој со своите 11 години знае вистински како да ја негува музичката мелост.
И со продадени 500 влезници тимот на Лука Лазарески им се извинува на уште толку гости Што не можеа да добијат влезници, но им ветувааат за скоро брзо време нов ваков Хепенинг.
За Голема радост на сите присутни, на овој прв концерт на Лука присуствуваше и епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскот манастир, заедно со неговите во Христа браќа и сестри.
Главната личност на настанот, малиот по години Лука, но маестро во изведбата на музички дела, ни приреди големо уживање, кое беше збогатено со несебичност, чистота,
благодарност, добрина и љубов, изразени во неговото детско срце.
Инаку, на сцената се претставиле и Теодора Матеска и Бојан Трајкоски вокали, Јована Димоска (виолина), Лео Пејчиновски (виолончело), Марко Лазарески и Јана Матеска гитара,
Едил Хусоски (кларинет), Ѓорѓи Божиноски (ударни инструменти), Петар Личоски, Касијана Матеска, Јана Јолеска и Бисера Јолеска, како и СПЕЦИАЛНИОТ гостин Виртуозот на (канон)
ФИЛИП МИХАЈЛОСКИ.
Во прилог, погледнете го официјалното видео од целиот концерт на маестро Лука Лазарески:
Започна со HALLELUJAH заедно со Теодора Матеска, Јована Димоска (виолина) и Лео Пејчиновски (виолончело) аплаузот траеше долго благодарение на прекрасниот глас на
Теодора Матеска.
Потоа се појави водителот на настанот Владо Дојчиноски кој со својот став и прекрасен глас ја воодушеви публиката со својата присутност.
Лука продолжи сам таму каде што е најсилен со класична музика изведувајќи ги PASSACAGLIA и RIVER FLOWS IN YOU
Повторно го засвири првото негово дело во кариерата SPRING WALTZ кој го посвети токму на епископот Антаниски г. Партениј за кое Лука негува да го вика Делоно за Отецон. Следуваше спектакалот на вечетра рок верзија на SHALLOW Каде повторно се појавува Теодора Матеска во придружба на Бојан Трајкоски вокали, Марко Лазарески и Јана Матеска гитара,
и бубњарот од светски калибар Ѓорѓи Божиноски и се разбира Лука Лазарески каде се појави на крај само 15 секунди но публиката аплаудираше минута и 15 секунди.
На бината се појави повторно Лука со двете дела на битолскиот интернационален натпревар каде што со неговата менторка Кристина Цветкоска освоиа 3 место NOCTURNE op.9 No.2
SONATA IN G Mayor
За крај на концертот се појавува СПЕЦИАЛНИОТ гостин Виртуозот на (канон) ФИЛИП МИХАЈЛОСКИ заедно со Едил Хусоски (кларинет), Марко Лазарески (гитара) и повторно се појавува
Ѓорѓи Божиноски на (тапани) во прекрасна изведба на македонски старогратски песни Русе ле моме, Ако одам во Битола, Македонско Девојче, Елено ќерко, за на крај Лука заедно со Јована Димоска (виолина) вуртуозно ја отсвирија Налеј Налеј каде што цела публика пееше заедно со нив.
Владо Дојчиноски кој со крајни напори дојде во Кичево без никаков надомест и хоноран ги замоли организаторите да овај настан го повториме поново во најбрзо време и дека
повторно ќе ни биде драг гостин и водител, истакна Лазарески, во интегралниот текст за Порта.мк.
Повеќе фотографии од концертот ќе најдете ТУКА
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете