Временска прогноза
Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденцја на значителен и брз пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека утре попладне има услови за краткотрајна и локална нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 37 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Конечно очекуваните летни температури на повидок во Македонија, ова се информациите

Територијата на Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот започнуваат постепено да растат од викендов.
Во периодот од 2 јуни (понеделник) до 8 јуни (недела) ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат и 35 степени, што значи дека пред нас е првиот поголем топол Африкански бран за оваа сезона.
На метеоролошката карта можеме да видиме дека целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од овој Африкански топол бран и истиот ќе услови високи температури на воздухот насекаде во регионот.
Што се однесува пак до врнежите, следната седмица речиси и дека ќе ги немаме, односно, времето ќе биде многу постабилно и посуво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата, па така локално во нашата Македонија ќе има услови за сосема краткораен дожд.
Лубителите на летото и на летните температури на воздухот конечно си доаѓаат на своето, што значи дека истите ќе уживаат во летното топло време, информираше Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“
-
Кичево23 часа
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Култура15 часа
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода
-
Спорт22 часа
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!