Кичево
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во центарот на градот познато како „Гórna Rówień Krupowa“, едно од најпрестижните и најстарите фолклорни фестивали од ваков тип во Европа.
Ова 56-то издание се одржува од 15 до 21 август 2025, со почеток во 10:00 часот секој ден. Исто така секоја година се натпреваруваат десетици – дури стотици – фолклорни ансамбли од целиот свет. Натпреварот е строг, а жири-от доделува Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga.
Оваа година како што веќе обзнанивме нашите учесници од КУД „Бисер“, Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија од Македонија.
Гласањето е едноставно со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Овој натпревар трае до утре 21-ви август (четврток) – 12:00ч – кога практично и завршува финалната вечер. Од тука во име на македонската традиционална народна носија која дефинитивно е нешто најубаво од нашите простори, ја даваме нашата безрезервна поддршка за да победиме!
Што се однесува до престижниот фестивал, до сега учествувале преку 700 странски групи и над 200 полски ансамбли – укажувајќи на големите димензии и реон на оваа манифестација.
Фестивалот привлекува љубители на култура, туристи, медиуми и етномузиколози од целиот свет. Вистинска традиција, културна мисија, еуфорија на народен идентитет и мост меѓу различни култури од сите страни на светот. Во оваа прилика им честитаме за одличната организација, она што ни го пренесуваат нашите учесници од Кичево таму е за сите почести.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (22 октомври)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (23 октомври)
-
Lifestyle1 ден
Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Магазин1 ден
Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин1 ден
OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
-
Магазин1 ден
WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Македонија12 часа
Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Временска прогноза2 часа
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час