Кичево
Утре по повод „Лазарова Сабота“ во Кичево се организира празнична поворка, каде најмладите радосно ќе го најават големиот празник
Почитувани сограѓани, драги кичевчани. Заврши и последната проба, воедно во името на организацијата и нашиот медиум Ве покануваме да ни се придружите утре со почеток од 10:30ч на празничната поворка која се организира во чест на празникот „Лазарова Сабота“ ден пред „Цветници“, а со цел торжествено и достојно да го дочекаме нашиот најголем христијански празник „Воскресениот Христово-Велигден“.
Затоа сите вие кои сакате да бидете дел од возобновувањето на една подзаборавена траадиција, да ни се придружите на кичевскиот плоштад од 10:30ч и сите заедно покрај дечињата и родителите, чекорејќи и пеејќи ги празничните каланди отидеме до нашиот храм заштитник на град Кичево „Св.Петар и Павле“ каде свештените лица ќе ги благословат врвовите гранчиња кои дечињата ќе ги однесат.
Инаку оваа традиција е проследена со пеење на препознатливи песни т.н. Лазареви каланди, односно песни со кои народот сакал да ја искаже својата љубов и почит кон Светиот Лазар на начин на којшто знаел и умеел, надвор од Црковните Богослуженија, како што тоа го прави и за прославувањето на другите поголеми црковни празници: Божиќ, Василица, Богојавление итн.
На овој ден се практикува и правењето на традиционалните колачиња т.н. лазароми или „лазарчиња“, кои се направени во форма на човек со прекрстени раце, симболизирајќи го Светиот Лазар кој умрен и завиткан во гробни повои, по четири дена беше воскреснат од Господ Христос.
Во продолжение проследете го ланското видео со дечињата од Кичево, каде по повод празникот, гласно пеат за „Лазаревото воскресение“
Ве очекуваме во што поголем број, бидете дел.
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт21 часФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Култура7 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
