Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичево денес гласно го прослави „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
Денес празнуваме еден невообичаен настан во кој се опишува победата над најголемиот страв на човекот – смртта, со кој воедно се навестува победата на Христос над Адот. Имено, станува збор за воскресението на четиридневниот мртовец Лазар, наречен уште и пријател Христов.
За личноста на Свети Лазар дознаваме од денешното евангелско четиво, кое ни укажува дека тој бил од Витанија, брат на сестрите Марта и Марија. Лазар тешко се разболел и умрел. Исто така и канонот за овој празник го покажува Христа како навистина близок пријател на Лазара: Си просолзил над пријателот, Спасителе мој. „Како што другаруваше со Лазар, Христос сака да другарува и со целото човештво. Поради таа причина и дојде – да го разбуди човештвото од гревовниот сон, кој го разделува од Него. Лазар, пријателот наш, заспал; целото човештво заспало, но ќе отидам да го разбудам (Јован 11,11). Кога Христос, пак, дошол на гробот на Лазар, Го предупредиле дека Лазар е веќе четири дена во гробот и дека можеби веќе и неговото тело е во фаза на распаѓање. Но, Дарителот на животот на сите, како на привремено заспан човек му се обратил и рекол: Лазаре излези надвор!, и Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со бела крпа врз главата. Тоа ни кажува дека смртта на човекот е само привремена, затоа што Бог сака да биде со нас во вечноста“ (Епископ Партениј Бигорски).
На нашите простори за Лазаревото Воскресение постојат голем број на традиции и обичаи. Повеќето од нив се окарактеризирани како народни, затоа што се однесуваат главно на сегашниот живот на човекот и содржат најразлични текстови за разни благослови: за стапување во брак на девојките и момчињата, благослови за здравје и благосостојба на домаќинот на куќата, сето тоа проследено со разновидни песни и ора. Сепак, постојат и прекрасни традиции главно од теолошки карактер, како што е денешната традиција, која датира од многу поодамна и била многу застапена на нашиве простори, а тоа е традицијата на собирање на врбови гранчиња.
Според древното предание на Христијаните во пресрет на Лазарева сабота, кога нашиот Спасител Господ Исус Христос го воскреснал веќе четири дена упокоениот и положен во гроб Лазар, постоел обичај домаќинките да прават т.н. Лазаринки или Лазаринчиња, во негов спомен.
Лазаринките се благи колачи, чијшто состав потсеќа на коливото кое се прави и принесува во спомен на упокоените. Формата го симболизира четиридневниот Лазар, упокоен и завиткан во погребни повои.
Во сабота наутро жените ги носеле Лазаринките во храмот и откако ќе завршела светата Литургија им раздавале на присутните, а особено на децата, од традиционално направените Лазаринки, со голема љубов и побожност.
Во истиот ден на Лазарева сабота децата, организирани од училиштата и родителите, се упатувале во парковите и блиските шуми, собирајќи гранчиња од врба и цвеќиња, коишто ги носеле во храмот пеејќи христијански каланди за Лазар, како и празничниот тропар „Општее воскресение“.
Врбовите гранчињата се расфрлале низ храмот и им се раздавале на верните од страна на свештеникот во спомен на празникот Цветници, односно Христовото славно влегување во Ерусалим, смирено седнат на осле, а со разнобојните цвеќиња богато ги украсувале иконите и вратите на храмот. Некои од Христијаните си ги украсувале и своите домови за благослов од Бога, за родна година.
Во продолжение проследете ја нашата официјална галерија преку нашиот објектив, додека официјалното видео од овој радосен настан ќе го објавиме наскоро…
* Сите кои ја сакаат фотографијата приватно, можат да ни пишат приватна порака на нашата фејсбук фан страна и истата со почит ке ви ја испратиме.
Кичево
Денес е меѓународен ден на руралната жена, кичевчани горди на домаќинките од нашиот крај кои ја негуваат традицијата
15 октомври – Меѓународен ден на руралната жена. Кичево е гордо што има рурални жени што ја негуваат традицијата и посветеност на животот на село.
Една од нив е г-ѓа Лилјана Ѓорѓиоска. Со нејзиното автентично име “Колибата на Лилјана” веќе неколку години умешно ја доловува убавината на селото и носи енергија и знаење.
– Не е залудно обележан овој ден. Вие сте инспирацијата на сите нас и пример како со труд и љубов можеме да создадеме позитивна промена во вашата заедница. Посакајте им се најдобро на руралните жени денес и секој ден, накратко за Порта.мк ни истакна Ѓорѓиоска
Кичево
Утре во ЦК „Кочо Рацин“- Кичево ќе се одржи X-тата јубилејна младинска керамичка работилница
Утре четврток (10.10.2024год.) во фоајето при Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево ќе се одржи X-та јубилејна Младинска керамичка работилница за изработка и дизајнирање на керамички производи создадена од учениците ОСУ „Мирко Милески“ со Проф.Мирослав Крстески (ментор), ОСУ „Дрита“ – Кичево со Проф.Валдета Ибиши (ментор), Проф. Филип Фидановски – керамичар од Скопје и Слободан Столески (грнчар).
Учесници во X-та Јубилејна Младинската керамичка работилница-Кичево 2024
Софија Белеска
Драгана Јанеска
Ана Петреска
Стефани Темелкоска
Матеа Калеска
Ана Марија Србиноска
Марија Божиноска
Емануела Стојкоски
Ана Марија Цветаноска
Петар Магденоски
Елона Руфати
Џула Јусуфи
Наиле Ристеми
Хајрије Ахмеди
Лике Бафтири
Почеток : 19:00 час.
Влезот е слободен
Кичево
(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера
Вечерва во преполна сала кичевчани присуствуваа на третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во покровителство на претседателот на Музичка Академија Кристина , проф м-р Костадиноска Кристина во соработка со НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.
Како што најавивме претходно учество на оваа манифестација зедоа вкупно 11 млади пијанисти од различни возрасти, со бројни први, втори и трети награди на меѓународни натпревари, тоа беа одлични дечиња на кои им претстои сигурно врвна музичка кариера: Јосифоска Јоана, Спахиу Ориола, Јолеска Бисера, Касијана Матеска, Јолеска Јана, Димитриеска Надја, Јосифоска Гордана, Емини Тарик, Дабески Давор, Бодеска Теона и Дамјаноска Дарија.
Од нашиот медиумски простор ја користиме оваа прилика да упатиме срдечни честитки за организацијата за прекрасниот настан, беше вистинско уживање да се биде дел. Во продолжение галерија од манифестацијата, видена преку нашиот објектив.
* Доколку сакате фотографија за себе, може да ја зачувате од официјалниот линк ТУКА
* Официјалниот инстаграм профил на Академијата ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (15 октомври)
-
Кичево4 часа
Денес е меѓународен ден на руралната жена, кичевчани горди на домаќинките од нашиот крај кои ја негуваат традицијата
-
Автомобили1 ден
Вечната дилема: Дали треба да се загрее моторот пред возење?
-
Спорт13 часа
Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за „УЕФА Б“ курс.
-
Технологија1 ден
Најдобрите паметни часовници за 2024 година
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација вчера забележа победа против Ерменија и го бетонира првото место во групата
-
Магазин1 ден
Apple iPhone 16 Pro: Совршенство на 16-тата генерација