Временска прогноза
Доаѓа леден бран кон Македонија, првата промена денес во попладневните и вечерните часови, ова се сите информации за временската состојба
Денес среда 15.11 ни доаѓа вистинска промена на временската состојба кај нас и тоа во попладневните и во вечерните часови кога се очекуваат нови врнежи од дожд, но од локален карактер, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планини. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен, а потоа од северен и од северозападен правец.
Појава на дожд ќе има и во делови од Скопскиот регион и котлината, и сето тоа ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утре четврток, краткотрајна стабилизација на времето кај нас.
Под влијание на циклонска активност од запад, и истата ќе биде поврзана со продор на студен воздух од север се очекува во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота. Тогаш ќе има обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи (локално ќе наврнат нови над 35 л/м2 воден талог).
Со приливот на студен воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Во сабота снежната граница ќе се спушти дури и под 1000 метри, па така локално провејување на снег за прв пат во оваа сезона ќе има и на некои повисоки градови.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до 90 км/час).
Од недела и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе има појава на мраз, што значи температурите ќе се спуштат под нулата. Максималните дневни температури за време на викендот значително ќе се намалат и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.
Целиот регион за време на викендот ќе биде под влијание на овој студен бран од север, па така на планините ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка (понекаде и за над 20 сантиметри), ова ваши и за Македонија. Најмногу снег ќе падне во планинските места во соседна Бугарија (над 50 сантиметри), за порта известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
-
Кичево22 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп13 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево16 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Спорт2 денаФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
-
Временска прогноза1 денЛадно на утро со температури под нулата
