Музика
„После полноќ“ е новиот сингл на Лозано, ултра модерен и вистински хит за 2022 година

„После полноќ“ е името на најновата песна на нашиот супер атрактивен музички артист од Кичево, Влатко Лозаноски-Лозано за кој пред неколку дена сними и видеоспот.
Текстот и аранжманот се дело на неповторливите Магдалена Цветковска-Ена и Лазар Цветковски од LCV продукција, додека директор на видео е нашиот пријател од Охрид, единствениот Даниел Јовески.
Лозано како што обзнани за нашиот портал, оваа година не очекува бура од новости, нови синглови и спотови.
Во прилог најновата песна и спот, споделете и лајкувајте!
Музика
Украина е победник на 66 издание на „Евровизија“, очекувано?

Вечерва во Торино се одржа големото финале на 66. Избор за песна на Евровизија. Финалето го отворија претставници на Чешка, а го затворија пејачка од Естонија. Констракта претставувајќи ја соседна Србија изведе песната „In corpore sano“ претпоследна, под реден број 24.
Во текот на вечерта видовме 25 настапи од исто толку земји, додека гласаа уште 15 земји. Тие 15 земји се оние кои не се пласираа во двете полуфиналиња на „Евровизија“, но, како што беше во претходните години, ќе можат да гласаат во финалето.
Предлозите се такви што 50 отсто од гласовите доаѓаат од стручното жири, од секоја земја поединечно, додека 50 отсто се гласовите на публиката.
Точниот редослед на финалистите на Евровизија е: Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска , Австралија, Англија, Полска, Србија, Естонија.
Украина извојува убедлива победа на овогодинешната Евровизија. Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“.
Честитки на одличната изведба!
ФОТО: Eurovision Song Contest
Видео
Музика од врвот на Илиница

Порта.мк беше дел од снимањето на првиот live set проект кој излезе под продукција на montparnasse.music. Избраната локација, врвот на Илиница, е нивната почетна точка во реализацијата на својата идеја.
Следејќи го примерот на големите аудио и видео продукции кои се занимаваат и со промоција на артисти и промоција на културни и природни добра, екипата на montparnasse.music преку овој проект го прави истиот чекор во овој дел од светот. Во неформален разговор со нив кажуваат дека во целиот процес се впуштиле со цел аудио-визуелно да го презентираат спојот на локалната уметничката сцена со природните и културните обележја на одредена локација, во случајов Кичево – нивниот хабитат. Веруваат дека уметноста и природата се пар кој може да го подобри општото мислење за некое место и совршено да го отсликаат духот на истото. И на тоа продолжуваат да работат.
Во процес е финализирањето на нивниот следен проект – комбинирање на околината на с. Добреноец со селекција на музика на Александар Станкоски.
До тогаш: montparnasse | Aco Sound live set at Ilinica in Kicevo, Macedonia
Музика
Вечерва во „La Casa“ на отворено ќе настапи Тони Андреев

Вечерва со почеток од 21:00 часот во објектот на отворено „La Casa“ – ресторан & бар ќе настапи Тони Андреев. Поради состојбата со коронавирусот од локалот изјавуваат дека ќе бидат преземени и почитувани сите мерки за заштита на присутните, дезинфицирано со дистанца и потврда за извршена имунизација „сертификат“ за секој присутен.
Резервации на тел 076/223-007, влез 100 денари.
Бидете дел..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп12 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин2 дена
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин2 дена
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Свет2 дена
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Скопје14 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Магазин2 дена
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок