Спорт
Мерцедес го претстави својот нов болид W13, а Луис Хамилтон повторно се појави пред членовите на седмата сила.

Во 2021 година, Ферстапен конечно успеа да го победи Хамилтон. Впрочем, Холанѓанецот веќе некое време важи за возач, кој е способен посериозно да го предизвика седумкратниот светски шампион, но хардверот на Ред Бул до 2021 година едноставно не го дозволуваше тоа.
Питер Виндзор смета дека тоа покажува дека улогите на Хамилтон и Макс Ферстапен ќе бидат заменети во 2022 година, како и дека Хамилтон ќе има поголема корист од побавниот старт.
Минатата година, Хонда и Ред Бул конечно го создадоа вистинскиот болид за Ферстапен, оружје што може да победи возач на Мерцедес. Сликата на Холанѓанецот како „млад лав“ и Хамилтон како „стари куки“ со бројни регистрирани титули нема да преовладува во 2022 година, смета Ф1 експертот Питер Виндзор.
Хамилтон повторно се појави пред медиумите по прилично долг молк. Виндзор вели дека видел еден свеж Хамилтон за време на прес-конференција, со силен ментален фокус. Според Британецот, тоа вклучува поинаков пристап: „Да претпоставиме дека Мерцедес е за нијанса зад Ред Бул и дека е малку побавен. Мислам дека е добра позиција за Луис да биде стариот кој „гризе“, возачот кој може да го извлече најдоброто од помалку проблематичен болид, кој треба да даде се од себе за да се натпреварува со Макс и Ред Бул“.
Виндзор смета дека доминантниот болид од почетокот на сезоната би бил хендикеп за Хамилтон. Според него, тоа се должи пред се на новиот соиграч Џорџ Расел, кој може да биде проблем за Луис, бидејќи на зимските тестови демонстрирал слична брзина како седумкратниот шампион. Виндзор дури заклучува: „Со Џорџ ќе му биде многу потешко на Луис отколку на Ферстапен со Перез“.
Клучен фактор во аргументот на Виндзор е промената на менталниот фокус на Хамилтон. Седумкратниот шампион доживеа страшен удар во Абу Даби, а додека Волф и тој се надеваат дека на почетокот на сезоната 2022 ќе се појават посилни од кога било досега, Виндзор сепак се надева дека Хамилтон ќе биде во поинаква улога, што значи дека ќе биди тој.кој ќе тргне во лов по Ферстапен.
Извор: (vrelegume.rs)
Спорт
Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).
На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.
Спорт
Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.
На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.
– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.
– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.
– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.
Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Македонија15 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево9 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Култура2 дена
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Хороскоп1 час
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Автомобили2 дена
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин2 дена
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7
-
Магазин2 дена
Netflix ги проширува своите функции