Следете не

Автомобили

Мерцедес потврди: „Ќе направиме супер SUV електричен теренец“

Објавено пред

на

Извор: Unsplash

Овој автомобил би требало да им конкурира на Lotus Eletre, Porsche Cayenne Electric и бензинскиот BMW XM. Исто како што XM ја разви М дивизијата на BMW од темел, новиот Mercedes е целосно развиен од AMG, наместо да се базира на постоечки модел како што е теренецот EQS.

Се очекува да пристигне во 2026 година, по лансирањето на втората генерација на купето со четири врати на Mercedes-AMG GT – првиот автомобил што ја користи архитектурата AMG.EA.

Развиена од платформата MB.EA на Mercedes, структурата AMG е изменета за да ги користи напредните електрични мотори на Yasa. Така, AMG.EA може да поддржува пар мотори на секоја своја оска, што сугерира дека најекстремните автомобили што ја користат платформата можат лесно да понудат повеќе од 1000 КС.

Структурата ќе има и електрична енергија од 800 V и батерија специфична за AMG која користи силиконска анода. Новиот автомобил ќе биде позициониран како наследник на постоечкиот Mercedes-AMG GLE 63 модел, чија цена е околу 150.000 евра, пренесува vesti-online.com

Автомобили

Рекордна продажба на електрични возила во Европа

Објавено пред

на

Фото: Michael Fousert @ unsplash

Западна Европа забележа рекорден број на нови регистрации на електрични автомобили во вториот квартал. Речиси 600.000 електрични возила на батерии (BEV) се појавија на патиштата помеѓу април и јуни, што е јасен знак за закрепнување на продажбата, која претходно растеше побавно од очекуваното.

Пристапноста како клуч за успех

  • Рекордната испорака, за која се предвидува дека ќе биде надмината во тековниот квартал, е резултат на појавата на попристапни модели на пазарот.

  • Според автомобилскиот аналитичар од Берлин, Матијас Шмит, ова е пресвртница бидејќи електричните возила конечно стануваат подостапни и попривлечни за приватните купувачи, а не само за корпоративниот сектор.

Раст поттикнат од европски и кинески производители

  • Европските компании како Stellantis и Renault воведуваат модели со пониска цена за да привлечат поширока публика и да ги исполнат регулативите на ЕУ за емисии.

  • Развојот на мрежата за полнење низ Европа го намалува стравот кај возачите дека нема да најдат станица за време на патување.

  • Продажбата на кинески електрични возила, особено на BYD, расте значително и се натпреварува со Tesla за глобалното лидерство. Во моментов, едно од десет електрични возила во Европа е произведено во Кина.

Субвенции како дополнителен стимул

  • Во Франција повторно се воведува шема за социјален лизинг.

  • Владата на Велика Британија обезбедува субвенции до 3.750 фунти за одредени модели.

  • Сепак, попустот е ограничен на автомобили со цена под 37.000 фунти, што ги исклучува Tesla и дел од кинеските модели како BYD.

Прочитај повеќе...

Автомобили

Кои се последиците од возење автомобил со скоро празен резервоар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pierre Saigot

Возењето со скоро празен резервоар е навика што може сериозно да му наштети на вашиот автомобил. Освен што постои ризик да заглавите на пат, последиците може да бидат далеку поскапи од неколку литри гориво.

Современите возила обично ве предупредуваат за ниско ниво на гориво кога во резервоарот остануваат околу 5 до 10 литри. Сепак, тоа не значи дека сте безбедни да продолжите со возење уште долго. Кога ќе се вклучи светлото за резерва, горивото повеќе не се доставува под оптимален притисок, а пумпата почнува да влече не само гориво, туку и талог, нечистотии, па дури и влага од дното на резервоарот.

Со време, овие наслаги може да ги затнат филтрите, да ја оштетат пумпата, а во некои случаи и да предизвикаат проблеми со согорувањето во моторот. Кај дизел моторите, ситуацијата е уште покритична – влезот на воздух во системот поради празен резервоар може да доведе до дефект што бара професионална интервенција и испирање на целиот систем.

Многу возачи, особено во урбани средини, се навикнати да возат „на резерва“, сметајќи дека тоа е доволно за секојдневните кратки релации. Но, ако се соочите со ненадеен застој во сообраќајот, затворен пат или едноставно заборавите да наполните гориво, ризикувате да останете заглавени – со сите последици што ги носи тоа: нервоза, блокирање на сообраќајот, па дури и парична казна.

Зимскиот период носи дополнителни ризици. Кога нивото на гориво е ниско, се зголемува можноста за кондензација, односно создавање влага во резервоарот, што може да доведе до замрзнување на цевките и проблеми со дотокот на гориво. Во најлош случај, автомобилот нема да може да се стартува токму кога ви е најпотребен.

Механичарите советуваат нивото на гориво да не се спушта под една четвртина од капацитетот на резервоарот. На тој начин не само што го продолжувате векот на пумпата и другите компоненти, туку го намалувате и ризикот од скапo оштетување на моторот. Дополнително, полн резервоар го намалува просторот за создавање на влага, што е особено важно при ниски температури.

Иако полнењето гориво можеби ви изгледа како дополнителен трошок, треба да знаете дека поправката на оштетена пумпа или чистење на системот чини многу повеќе. Возењето со доволно гориво не е луксуз – туку одговорност кон сопственото возило и вашата безбедност.

Затоа, следниот пат кога ќе решите да „истерате до последна капка“, сетете се – можеби токму тогаш пумпата за гориво ќе почне да влече нешто што не треба. А ако автомобилот ве изневери во најлош момент, таа „заштеда“ ќе ве чини многу повеќе отколку што мислите.

Извор: kurir.rs

Прочитај повеќе...

Автомобили

Автомобилот „Rolls Royce Phantom“ слави 100 години од своето постоење

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jordy Muñoz

Во текот на својот век на постоење, еден од најпрепознатливите и најлуксузни автомобили во историјата – Ролс-Ројс Фантом – бил во сопственост на бројни славни личности, вклучувајќи некои од најголемите уметници на 20 век. Фантом отсекогаш претставувал симбол на ексклузивност и префинетост, без вистински конкурент во својата класа.

Првата генерација на овој модел се појавила во 1925 година, заменувајќи го Silver Ghost – првиот луксузен модел на брендот, претставен уште во 1906 година.

Во изминатите сто години, Фантом минал низ осум генерации. Актуелната, осма по ред, е претставена во 2017 година и до денес останува највисоката преставка на луксузот што го нуди брендот.

Овој модел уживал голема популарност меѓу светски реномирани уметници. Меѓу познатите сопственици се Салвадор Дали, Енди Ворхол, Пабло Пикасо, Анри Матис, Кристијан „Бебе“ Берар и Сесил Битон.

Некои уметници дури го искористиле Фантом како дел од своето уметничко изразување. Во зима 1955 година, Салвадор Дали позајмил црно-жолт Фантом од пријател за предавање на Сорбона. Пред универзитетот, тој го испразнил багажникот преполн со 500 килограми карфиол на замрзнат тротоар, создавајќи надреалистичка инсталација на улиците на Париз.

Енди Ворхол, кој често се смета за уметнички наследник на Дали, во 1972 година купил модел од 1937, откако го забележал во антикварница во Цирих за време на прошетка со својот агент. Подоцна го модифицирал во „шутинг брек“, а во 1978 година автомобилот преминал во рацете на неговиот менаџер, Фред Хјуз.

Производството на Фантом не било континуирано – постоеле периоди на прекин. На пример, четвртата генерација се појавила дури во 1950 година, по 11-годишна пауза поради Втората светска војна. Најдолговечната генерација била шестата, која се произведувала од 1968 до 1990 година. Потоа следела уште една пауза – сè до 2003 година, кога била лансирана седмата генерација.

Денешната, осма генерација, под долгиот капак крие 6.75-литарски V12 би-турбо мотор со 571 коњска сила и 900 Nm вртежен момент. Достапен е во две варијанти на меѓуоскино растојание, забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди и достигнува максимална брзина ограничена на 250 км/ч.

Извор: rolls-roycemotorcars.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 минути

Хороскоп за вторник (19 август)

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом...

Спорт1 час

(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел...

Кичево8 часа

Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој...

Кичево9 часа

Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила...

Македонија10 часа

Од полноќ нова намалена цена на горивата на малопродажните објекти во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево11 часа

ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч

На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При...

Lifestyle12 часа

Фикусот не ви успева: најчестите грешки и како да ги избегнете

Фикусот е едно од најпопуларните собни растенија – изгледа прекрасно, освежува секоја просторија и создава чувство на природна хармонија. Но,...

Lifestyle12 часа

Три едноставни решенија за ослободување од муви

Со зголемувањето на температурите, мувите стануваат сè почести гости во нашите домови и дворови. Тие се досадни, слетуваат на храната...

Lifestyle12 часа

Ако сакате да изгледате помлади за само 30 дена – воведете ги овие 5 навики

Без скапи препарати, агресивни третмани и нереални ветувања. Овие едноставни навики нема да ви ги избришат годините, но ќе ви...

Автомобили12 часа

Рекордна продажба на електрични возила во Европа

Западна Европа забележа рекорден број на нови регистрации на електрични автомобили во вториот квартал. Речиси 600.000 електрични возила на батерии...

НАЈЧИТАНИ