Кичево
Сега и во Кичево! Сè е полесно и посигурно со „МИНТ“
Со огромна чест и задоволство ви ја претставуваме МИНТ ФИНТЕК ГРУПАЦИЈАТА, со седиште и во Кичево, улица Булевар Ослободување бр. 1.
Клучот за успехот на Минт, за себе велат дека лежи во нивната посветеност на иновациите и решенијата посветени кон клиентите.

Затоа, посетете ги уште веднаш.
Инаку, во склоп со услугите кои ги нудат може да се пофалат и со МИНТ ИНС Брокерската Осигурителна компанија и Туристичката агенција ЈК ТРАВЕЛ.
Со кратки црти во прилог ви ги претставуваме за подобро да ги запознаете одблиску.
– МИНТ ИНС е Осигурителна Брокерска компанија која има цел да им помогне на клиентите односно физичките и правните лица, преку соработка со сите осигурителните компании за пронаоѓање на најдобрите осигурителни производи.
Нашето Осигурително Брокерско друштво може да ви помогне да ги процените вашите потреби и да ги пронајдете полисите кои го овозможуваат вистинското ниво на покриеност по најповолна цена и прифатливи услови претставуваќи понуди од повеќе осигурителни компании и застапуваќи ги истите во ваше име и за ваша сметка.
Да, добро прочитавте, МИНТ ИНС може да ви помогне да заштедите пари за широк спектар на видови осигурување,вклучувајќи осигурување за АВТОМОБИЛИ, КАСКО, ДОМ, ПАТНИЧКО, ЖИВОТНО, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО, ГРАНИЧНО и др.
Пред се се издвојуваме од останатите и по соработката воспоставена помеѓу МИНТ ИНС од една страна и ИНТЕРДОМЕСТИК од друга страна, а која што подразбира бесплатна асистенција во процесот на утврдување на видот и висината на надоместокот а кој ги опфаќа сите видови на штети, притоа помагајќи им на клиентите како побрзо и поефективно да ги остварат своите права пред институциите. Овозможуваме многу повеќе од осигурување.
Со МИНТ ИНС покрај вас, можете да бидете сигурни дека сте во добри раце за избор на поволна полиса за осигурување и соодветна заштита која ви е потребна.
Патувајте сигурни со МИНТ ИНС, а опуштени со туристичката агенција ЈК ТРАВЕЛ која поседува лиценца А за вршење на туристичка дејност.
Нашата цел е клиентите да бидат задоволни од патувањето кое ќе го одберат и тоа за нив да биде една незаборавна авантура.
Нудиме комплетен туристички сервис : Туристички аражмани (сопствен закуп за летен, зимски одмор,чартер програма за Тунис, Египет, Анталија, хотелски резервации, авио карти, трансфери,рент а кар.)
– Не се двоумете, контактирајте ги, тие ќе се погрижат за Вашиот одмор од соништа или пак ќе Ви помогнат да го заштитите и осигурате она што ви е најважно.
Повеќе ќе најдете на нивната web страница ТУКА, како и официјална фејсбук страница ТУКА
Официјални лица за контакт:
+38972 282 002
+38975 451 861
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп18 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза18 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Кичево3 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Спорт17 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар





