Кичево
На Китино Кале во Кичево ќе се разговара за културата и уметноста
На Китино Кале во Кичево на 28.10.2023 со почеток од 12:00 часот ќе започне панел дискусијата и DJ перформансот: „Култура и уметност: Елементите во животот“ во организација на Montparnasse, здружението за уметност, култура и креативни индустрии.
Montparnasse веќе неколку години функционираше како неформална група од Кичево, создавајќи проекти на повеќе локации низ Македонија во кои беа вклучени млади артисти, меѓу кои: Mario Mazzola во село Ехлоец (март 2023), Ivana Ultimusa, Spectromanski и Milan на Охридско Езеро (октомври 2022), Дарко Јованоски, Aco Sound и Spectromanski на планината Илиница, а покрај нив и Андреј Илиевски, Стефан Жупан, Bojan Punisher и Martin Looper имаат издадено свои DJ сетови на youtube каналот на Montparnasse.
Панел дискусијата и DJ перформансот ќе биде првиот организиран настан на Montparnasse откако неодамна стана здружение кое ќе допринесе во развивањето на свеста за создавање и поддржување на културата и уметноста – елементите во животот што според екипата на Montaparnasse ги прави луѓето поживи, поведри, ги тера да создаваат и допринесуваат, да имаат колективна одговорност, да дискутираат за фини нешта и да бидат креативни.
На панел дискусијата на овие теми ќе разговараат модераторот Дарко Јованоски – историчар на уметноста и панелистите: Марија Пејоска – графички дизајнер, дигитален маркетер и професор по англиски и германски јазик, Дарко Белевски – Раководител на одделение за локален економски развој, Општина Кичево и Златко Ѓелески – Писател, филмски критичар, режизер и радиоводител.
По разговорот, Александар Станкоски (Aco Sound) и Даниел Блажевски (Spectromanski) ќе бидат артистите кои ќе ги разиграат присутните во едно од најубавите места во Кичево – Китино Кале.

Настанот на 28.10 е бесплатен за присутните. Бидете таму. Ќе има фин разговор за работи кои се важни за сите нас.
Повеќе за настанот на: Facebook
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп18 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза18 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Кичево3 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Спорт17 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар



