Од УХМР известуваат дека на североистокот од земјава се развиваат неколку облачни нестабилни јадра кои во поголем дел се стационарни и во Крива Паланка, Кратово и Пробиштип условуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На Плачковица и Огражден во моментов има пороен дожд и грмежи.
Друга нестабилна облачност има над шарскиот регион така што наскоро пороен дожд и грмежи ќе има во тетовското подрачје.
Во Кичевско и Прилепско се развиваат нестабилни јадра кои во овие подрачја наскоро ќе дадат пороен дожд и грмежи. Според радарската слика овие јадра се релативно стационарни.