Хроника
Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ
Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата на ФФМ.
Од овој свет си замина Горан Ѓошев, кој ненадејно почина во текот на денешниот ден.
Ѓошев беше дел од Академијата долги години и се грижеше за многу играчи кои денес го носат дресот со државниот грб.
Горан Ѓошев долги години беше дел од Академијата на ФФМ.
Почивај во мир Докторе!
/makfudbal
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин24 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин24 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин24 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин24 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден1 часСветот на денешен ден (28 октомври)
