Кичево
(ВИДЕО) Денес во етер излезе официјалниот видео запис од прекрасниот „Новогодишно-Божикен“ концерт одржан на 14 јануари во Кичево

На 14-ти јануари во прекрасен амбиент на големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа долгоочекуваниот трет „Новогодишно-Божикен“ концерт на традиционални празнични каланди во град Кичево, а на наша голема радост и радост на кичевчани, овој свечен настан со своето присуство го збогатија нашиот Старец и Епископ г. Партениј, гостин беше, Митрополит Крушевско-Демирхисарски, г. Јован, Архимандрит Доситеј Бигорски, Архимадрит Кирил Бигорски, монахињите од Манастирите Пречиста, Кнежино и Рајчица, како и монасите од Бигорски Манастир.
Денес, премиерно, излезе во етер официјалниот видео запис од преубавиот настан, кој го препорачуваме да го погледнете!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт1 ден
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Македонија2 дена
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Скопје5 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили1 ден
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот