Временска прогноза
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
Почнувајќи од денес (петок) навечер, па се до 25 декември, територијата на Македонија ќе биде зафатена од длабок циклонски систем кој ќе биде со центар западно и југозападно од нас. Во исто време од север ќе се спушта многу поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот.
Во ваква ситуација, ќе имаме чести и пообилни врнежи кои на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде на планините и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми. Утре (сабота), а особено од понеделник па во деновите потоа врнежи од снег ќе има и на повеќето пониски места (градови) па така и на овие места ќе се формира снежна покривка. Исклучок ќе бидат градовите кои припаѓаат на југоистокот од Македонија, како и оние градови Долж Повардарието, каде многу мали се условите за формирање на снежна покривка и врнежите таму ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и снег.
Во Скопје и околината со овој ладен и влажен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а од понеделник па во деновите потоа се очекува да се формира и помала снежна покривка. Позначителна снежна покривка ќе се формира на околните планини.
Инаку, на планините и на Скијачките центри локално се очекува снежна покривка со висина дури близу, поа дури и над 100 сантиметри нов снег, додека на пониските места (градовите), особено во источните предели таа ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри, а во западните предели таа ќе биде поголема, од 10 до 20 сантиметри, локално до околу, или над 30 сантиметри.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од на 65 км/час), па така особено на планинските места и на Скијачките центри ќе има појава и на снежни наноси. Апелирам, доколку во овој период планирате да патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег и значителната снежна покривка.
Исто така Скијачите, да не се оддалечуваат од Скијачките центри, односно да не се движат на поголеми надморски височини, и тоа поради намалената видливост која се очекува.
Што се однесува до температурите, тие наутро на многу места ќе бидат под нулата, па така се очекува појава и на голомразица, а и максималните дневни температури на повеќе места ќе останат малку над нулата, или околу нулата, а понекаде тие и преку денот ќе останат под нулата.
Уште да напоменам дека за време на овој период локално ќе наврне големо количество на воден талог, особено во западните предели (над 50 литри на метар квадратен воден талог), информира Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево18 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза17 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп7 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Македонија19 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
