Спорт
Официјално ФК Брегалница и Скопје го слават влезот во првата македонска фудбалска лига, честитки!

Спорт
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Цена на билетот: 200 денари
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026. На прес конференцијата која се одржа денес, селекторот Милевски и капитенот Барди ги истакнаа своите ставови:
Милевски: „Максимално се подготвуваме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание. Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите.
– Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап“.
Говорот на Барди проследете го на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Во меѓувреме репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 3:1 од соодветната селекција на Белорусија во контролен натпревар одигран во Белек, Анталија. Натпреварот го обележа катастрофалното делегирање на правдата од страна на турските судии. Имено, на полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг играч кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не изреагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот. На крајот фудбалеро на Белорусија беше стрелец на третиот погодок на денешната средба – пишуваат од ФФМ.
За Македонија до 21 година настапија: Љупче Џеков, Даниел Марковски, Бенан Хамидовиќ, Ѓорге Џеков, Андреј Велков, Димитар Трајков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Мартин Ѓорѓиевски, Никола Величковски.
Селектор: Горан Станиќ
Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.
Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Давид Илоски А.П. Брера
Александар Балев Пелистер
Павел Трајковски Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Златко Радески Вардар
Абдулах Аслани Лунгби, Данска
Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија
Давид Стојановски Браво, Словенија
Лука Атанасовски Беласица
Андреј Мурџески Вардар
Назиф Цека Шкендија
Игор Ристов А.П. Брера
Емир Шаботиќ Вардар
СРЕДЕН РЕД:
Каменчо Андоновски А.П. Брера
Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија
Ариф Локи ХБ Коге, Данска
Албион Муслиу Шкендија
Јасин Рушани Хамбург, Германија
Игли Хасани Работнички
Бојан Затуроски Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи Беса
НАПАД:
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Хисар Али Беса
Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Хроника2 дена
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника2 дена
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Кичево24 часа
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија15 часа
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Скопје2 дена
(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба
-
Македонија2 дена
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани
-
Временска прогноза12 часа
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Македонија2 дена
Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“